Родезија

(Пренасочено од Родезијци)

Република Родезија од 1970 година понатаму позната како Република Родезија — самопрогласена, меѓународно непризната држава во југозападна Африка, која постоела од 1965 до 1979 година. Ја зафаќала територијата на денешно Зимбабве. Главен град на државата бил Солзбери (англиски: Salisbury, денес Хараре). Родезија била сметана за де факто држава-наследник на поранешната британска колонија Јужна Родезија (чија прва влада била формирана во 1923 година).

Родезија
1965–1979
Flag of Родезија
Знаме (1968)
Грб of Родезија
Грб
Motto: Sit Nomine Digna (латински)
„Достоинствена за своето име“
Location of Родезија
Главен градСолзбери
Говорени јазициАнглиски (официјален)
Шона и Ндебеле биле најраспространети
УредувањеУставна монархија (1965–70)
Парламентарна република (1970–79)
Претседателa 
• 1970–1975
Клифорд Дјупонт
• 1976–1978
Џон Вретхол
Премиер 
• 1965–1979
Ијан Смит
LegislatureПарламент
Сенат
Дом на Собрание
Историски периодСтудена војна
• Независност
11 ноември 1965
• Прогласена како република
2 март 1970
1 јуни 1979
17 април 1980
Површина
1978390.580 km2 (150,800 sq mi)
Население
• 1978
6.930.000
ВалутаРодезиска фунта (1965–1970)
Родезиски долар (1970–1979)
Претходници
Наследници
Јужна Родезија
Зимбабве Родезија

Владата составена претежно од бело мнозинство на Јужна Родезија постојано го одложувала предавањето на власт во рацете на црното домородско мнозинство, покрај притисоците извршени од Обединетото Кралство. Белото мнозинство во владата на крајот еднострано прогласило независност од Велика Британија на 11 ноември 1965 година. Владата на почетокот барала членство во Комонвелтот, но подоцна ја напуштила таа политика и се самопрогласила како република во 1970 година.

Непосредно пред прогласувањето на независност, поради одбивањето да препуштат дел од власта на црното мнозинство, герилските организации (Африкански национален сојуз на Зимбабве под водство на Роберт Мугабе и Африканскиот народен сојуз на Зимбабве под водство на Џошуа Нкомо), помогнати од Кина[1] и Советскиот Сојуз[2], започнале војна за сузбивање на белата власт, но и помеѓу себе, поради политичка превласт.[3]

Владата на Обединетото Кралство не била задоволна со ова решение, па затоа иницирала нови преговори кои траеле од 10 септември до 15 декември 1979 година, во вилата „Ланкастер Хаус“ во Лондон, под претседавање на лордот Карингтон, тогашен британски министер за надворешни работи. Епископот Музорева бил приморан да прифати избори.

Согласно договорот во Ланкастер Хаус, управата над земјата на 11 едкември 1979 година била вратена на Британската Империја. Следниот ден управата ја презел лордот Соумс, а државата формално повторно станала колонија под името Јужна Родезија.

Парламентарните избори биле одржани на крајот на февруари 1980 година, по кампања која била одбележана со масовно застрашување и бројни други кршења на човековите права од страна на ЗАНУ под водство на Мугабе. Властите на Обединетото Кралство на кратко ја разгледале можноста за дисквалификација на ЗАНУ од учеството на изборите порати големото кршење на Договорот од Ланкастер Хаус, но на крајот не преземале ништо.

На 4 март 1980 година, ЗАНУ издвоил убедлива победа. Соперничкиот УАНЦ освоил само три од осумдесет места резервирани за црнечкото население во Претставничкиот дом.

Јужна Родезија под водство на Мугабе, на 18 април 1980 година станала Република Зимбабве.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. http://books.google.rs/books?id=vWyjYAUW1ekC&printsec=frontcover&hl=sr#v=onepage&q&f=false China and Africa: Engagement and Compromise, Ian Taylor
  2. Communist Support to Nationalists in Rhodesia
  3. „Mugabe's women, and the ZAPU split“. Архивирано од изворникот на 2012-10-03. Посетено на 2015-06-18.

Надворешни врски

уреди