Роберт Бетл (роден на 28 август 1972 година во Џексонвил, Флорида, Соединети Држави)[1]танчер, кореограф и уметнички режисер на Американскиот танцов театар „Алвин Ејли“.

Роберт Бетл
Роден(а)28 август 1972(1972-08-28)(52 г.)
Џексонвил, Флорида,Соединети Држави
ОбразованиеЏулијардова школа (1994)
Занимањетанчер, кореограф
Активен период1994-до денес

Ран живот и образование

уреди

По потекло од населбата Либерти Сити во Мајами, Флорида, Бетл бил израснат од вујкото на неговата мајка, Вили Хорн и неговата роднина Деси Хорн во економски лоши услови за живот.[2][3] Студирал на Новосветското училиште за уметности пред да дипломира на Џулијардовата школа.[2] каде што добил диплома за ликовни уметности во 1994 година.[4]

Кариера

уреди

По дипломирањето на Џулијардовата школа, тој се приклучил на Парсоновот танцово друштво. Тој ја основал своето сопствено танцово друштво Бетлворкс (англиски: Battleworks) во 2001 година.[2]

Бетл бил прогласен за еден од Мајсторите на афроамериканската кореографија од страна на Центарот за изведувачки уметности „Џон Ф. Кенеди“ во 2005 година.[1]

Во 2015 година, Бетл бил прогласен за член на т.н. „Променлива уметност“ на Фордова фондацијата.

Алвин Ејли

уреди

Тој ја започнал функцијата режисер на 1 јули 2011 година и е нејзин трет режисер од основањето на друштвото во 1958 година. При добивањето на положбата, Бетл рекол: „Се надевам дека ќе бидам достоен за оваа огромна одговорност што ми е дадена и ќе ја почестам на единствениот начин на кој Алвин Ејли би го прифатил: со тоа што ќе ја чувам сега, жива и ја водам напред“.[5] Иако Бетл никогаш не бил формално дел од друштвото „Алвин Ејли“ пред неговото назначување, што го прави првиот уметнички режисер без директна врска со друштвото или со самиот Ејли, тој придонесол со голем број дела на репертоарот на друштвото и долго време бил признат како помазаниот наследник на Џудит Џејмисон. Како што рекол Џејмисон во едно интервју, „кореографијата на Бетл има способност да ја привлече публиката во неговите дела и ја потсетува на Алвин“.[6] Тој служел неколку мандати како уметник гостив во „Ејли“.[7]

Дела

уреди

  • 1999- Такадими
  • 2000- Шеталиште
  • 2001- Лов
  • 2004- Гозба
  • 2004- Литургија
  • 2004- Чудни хумори
  • 2006- Конечни звуци
  • 2007- Пријатен апетит!
  • 2007- Повеќе не тивко
  • 2007- Одвиткано
  • 2008- Ела
  • 2008- На/внатре
  • 2010- Три

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Robert Battle Biography“. The History Makers. 27 август 2010. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 4 февруари 2023.
  2. 2,0 2,1 2,2 Kourlas, Gia (7 мај 2010). „For New Ailey Leader, It's All in the Family“. New York Times. Посетено на 4 февруари 2023.
  3. Acocella, Joan (19 декември 2011). „New Move“. The New Yorker. Посетено на 4 февруари 2023.
  4. „Alumni News“. Juilliard School. март 2010. Архивирано од изворникот на 11 ноември 2011. Посетено на 4 февруари 2023. Robert Battle (BFA ’94)
  5. „Robert Battle To Take Over Alvin Ailey Dance Company“. Huffington Post. 29 април 2010. Посетено на 4 февруари 2023.
  6. Wakin, Daniel J. (28 април 2010). „Ailey Company Names New Director“. New York Times. Посетено на 4 февруари 2023.
  7. „Robert Battle talks of next steps for Ailey dance troupe“. Los Angeles Times. 3 мај 2010. Посетено на 4 февруари 2023.

Надворешни врски

уреди