Рис (филм од 1982)
Рис (полски: Ryś) - полски филм од 1982 година, во режија на Станислав Розович, кој е автор и на сценариото, заедно со Јарослав Ивашкјевич, засновано врз неговиот кус расказ. Главните улоги ги толкуваат: Јежи Раѕивилович, Францишек Пјечка, Пјотр Бајор, итн.[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се одвива за време на Втората светска војна, во едно мало место во Полска. Во црквата во која служи младиот свештеник Конрад (го игра Раѕивилович) доаѓа младото момче Рис(го игра Бајор) кое бара да се исповеди за гревот што треба да го направи - убиството на еден селанецот Алојз (го игра Пјечка) кој е обвинет како соработник со окупаторот. Конрад настојува да го разубеди момчето, но без успех. Потоа, тој се запознава со Алојз и во таа прилика дознава дека тој крие еврејско девојче. Тогаш, Конрад по секоја цена сака да го спречи убиството и се нуди да го преземе гревот, односно тој да го изврши убиството. Рис му го дава пиштолот, а Конрад пука во него и ја губи свеста. Кога се освестува, до него се наоѓа Алојз и заедно да заминуваат во партизани.