Ристо Димовски (Битола, 1947 - Битола, 21 јуни 2017) — македонски сликар, иконописец и вајар, добитник на многубројни награди во Македонија и странство, меѓу кои и прв добитник на награда за животно дело доделена од ДЛУБ во 2016 година.[1]

Ристо Димовски
Роден 1947
Битола, НР Македонија НР Македонија, ФНРЈ
Починал 21 јуни 2017
Битола, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање сликар

Животопис

уреди

Димовски е роден во Битола во 1947 година. Работел во Македонија, во соседството и во Европа. Неговите дела се наоѓаат низ целиот свет, како Италија, Грција, Германија, Шведска, Америка, Австралија. Кај него поминале многу ученици кои денеска творат и го носат неговото уметничко наследство. Починал на 21 јуни 2017 година во Битола.[2]

Наводи

уреди
  1. Изложба на Ристо Димовски и Златко Гецовски – Магаза
  2. Почина познатиот македонски уметник Ристо Димовски. Архивирано од изворникот на 2017-06-23. Посетено на 2017-06-22.