Римска пица (италијански: pizza romana) ― стил на пица кој потекнува од Рим, но сега е широко распространет, особено во Средна Италија.[1]

Пица во римски стил со тенка, крцкава кора.

За разлика од наполитана (неаполска пица), која е препознаена според шемата за гарантирана традиционална специјалност на Европската Унија и од УНЕСКО како нематеријално културно наследство,[2] во моментов не постои еквивалентно признание за пицата во римски стил, а соодветно и службено договорена дефиниција.

Постојат два сосема различни стилови пица кои може да бидат наречени како римска пица во Италија:

  • Пица на парче (Pizza al taglio).[3][4] Ова обично доаѓа во правоаголни парчиња и обично има подебела основа, слична на фокача. Јадена е како лежерно, готово јадење.
  • Цели тркалезни пици (pizza tonda) со тенка основа.[5] Повеќето ресторани со седење кои служат пица во Рим го служат овој стил, и навистина ова е веројатно најчестиот стил на пица во рестораните во повеќето региони на Италија. Понекогаш е нарекувана ниска пица (pizza bassa) за да се разликува од високата пица (pizza alta; неаполски стил).[6] Една од клучните разлики во состојките за тестото во споредба со неаполскиот стил е додавањето масло, што придонесува за острината на добиената основа, опишана со користење на зборот скрокијарела (scrocchiarella), ономатопејска придавка во романешкиот дијалект.[1]

Сепак, се чини дека името на вториот стил пица не е доследен низ Италија, а во некои делови од земјата тој може да биде нарекуван само „ниска пица“ (pizza bassa).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 La differenza tra pizza napoletana e pizza romana, Eataly, 19 јуни 2018
  2. Art of Neapolitan 'Pizzaiuolo' - intangible heritage - Culture Sector - Heritage, UNESCO
  3. Duncan Garwood, Nicola Williams (2018). Lonely Planet Rome. Lonely Planet. ISBN 978-1787012349.
  4. Braimbridge, Sophie; и др. (2003). A Little Taste Of...Italy. Murdoch Books. стр. 16. ISBN 086411947X. Посетено на 21 септември 2023.
  5. Fodor's (2012). Fodor's Rome: with the Best City Walks and Scenic Day Trips. Fodor's. ISBN 978-0876371794.
  6. Pizza in Italy: Choosing "Alta" (Deep Pan) or "Bassa" (Thin Crust)?, Архивирано од изворникот на 2019-04-29, Посетено на 21 септември 2023