Ригенски мост
Ригенски мост или Штрелазундски премин (германски: Rügenbrücke и Strelasundquerung) се однесува на двата моста, кои го поврзуваат германскиот остров Риген преку Штрелазунд со западнопомеранското копно близу Штралзунд: Ригенски мост и Ригенски насип (Rügendamm).
Ригенски мост Rügenbrücke | |
---|---|
Новиот Ригенски мост и стариот подвижен мост | |
Координати | 54°18′45″N 13°06′51″E / 54.31250° СГШ; 13.11417° ИГД |
Носи | Сојузен автопат Б96 Европски коридор Е22 |
Преминува | Штрелазунд |
Место | Штралзунд и островот Риген, Германија |
Официјален назив | Втор Штрелазундски премин (2. Strelasundquerung) |
Особености | |
Вид | армиран бетон, висечки мост |
Материјал | челик, бетон |
Вкуп. должина | 2.831 м |
Ширина | 3 сообраќајни ленти |
Висина | 126 м |
Најдолг распон | 198 м |
Носачи во вода | 19 |
Потпростор | 42 м |
Историја | |
Проектант | Андре Кајпке |
Почнат | 31 август 2004 |
Завршен | 20 октомври 2007 |
Отворен | 22 октомври 2007 |
Сообраќај | |
Дневен сообраќај | 23.000 |
Мостарина | нема |
Местоположба | |
Фериботите исто така сообраќаат преку протокот Штрелазунд помеѓу Штралзунд и Алтефер и помеѓу Шталброде и Глевиц.
Ригенскиот насип бил првиот цврст премин преку протокот Штрелазунд, за стариот сојузен автопат Б96, железничката линија Штралзунд-Засниц и комбинирана пешачка и велосипедска патека. Бил завршен во 1936/1937.
Ригенскиот мост е името на вијадуктот со три ленти завршен во 2007 единствено за патен сообраќај, помеѓу селото Алтефер на островот Риген и ханзеатскиот град Штралзунд; дел од планот било Б96 и европскиот коридор Е22 да станат дел од обиколницата на штралзунд. Двата моста се изградени паралелно еден на друг. Ригенскиот мост има вкупна должина од 2.831 метар, што го прави еден од најголемите мостови во Средна Европа.
Мостови
уредиРигенски мост
уредиРигенскиот мост (германски: Rügenbrücke) — висечки мост од армиран бетон, кој се протега над Штрелазунд помеѓу градот Штралзунд и островот Риген. Мостот бил изграден за да го замени застарениот Ригенски насип (Rügendamm), кој ќе остане во употреба за обезбедување на железничката врска и да го опслужува локалниот сообраќај кон островот Денхолм. Мостот има три ленти, по една во двете насоки, а средишната лента се употребува по потреба. Главниот елемент на 4.100 метри долгиот мост е потегот над Штрелазунд од 2.831 метар.
Преминот се состои од седум делови, пет од нив се делови на мостот:
- Насип на копното во Штралзунд
- Два пристапни моста во Штралзунд
- Вијадукт преку Цигелграбен
- Пристапен мост кај Денхолм
- Пристапен мост кај Штрелазунд
- Мостот Штрелазунд
- Насип на островот Риген
Јужна платформа
уредиЈужниот пристапен мост започнува позади неговата раскрсница со обиколницата на Штралзунд (сојузниот автопат Б96) и се состои од 85,54 метри долг насип, мерен до потпорниот столб на првиот пристапен мост. Преку него се двата пристапни моста кај Штралзунд (Vorlandbrücken Stralsund) со наклон до 4%. Првиот претставува мост од 327,5 метри направен од армиран бетон со десет делови и бетонска талпа. Вториот мост е долг 317 метри со шест делови и единствена челична структура. Архитектонски подвиг било пристапот за обиколницата со два столба во вид на латиничната буква „Y“, што овозможува столбовите да се протегаат на 72 метри. Оградата на пристапните мостови е висока 70 сантиметри во ѕидовите со заштитни стаклени панели, како и дефлектори и штитови.
Мост Нов Цигелграбен (вијадукт)
уредиНовиот мост Цигелграбен, проектиран како вијадукт, го поминува протокот Цигелграбен (Ziegelgraben), ракав на Штрелазунд, кој го раздвојува Штралзунд од островот Денхолм. Има должина од 583,30 метри. Двата главни дела, 126 метри (на копното) и 198 метри (на страната на Денхолм), се проектирани како висечки мост со три челични гради во рамката. Мостот овозможува под него да поминат бродови до 42 метри.
Пилонот е поделен на два дела и е висок 128 метри: околу 40 метри бетонска основа и горниот дел од челик. Надградбата е одвоена од основата со лежиштето на мостот. 32 челични кабли се оптегнати од столбот до бетонскиот хоризонтален дел.
Ригенскиот мост користел уникатен систем на кабли во Германија, кои биле тројно заштитени од ’рѓа: најпрвин каблите биле галванизирани, потоа биле прекриени со полиетилен и на крајот со специјален восок. Каблите биле тестирани една година на Техничкиот универзитет Минхен и на крајот одобрено од сојузното министерство. Челичните кабли, со вкупна маса од 135 тони, се состои од 34 поединечни нишки, кои се врзани во еден сноп за да создадат еден кабел со пречник од 180 мм. Се процени дека може да издржат 4000 килоњутни.
Оградата на новиот Мост Цигелграбен е висока 1,5 метри, дополнително заштитена со стаклени панели, како и дефлектори против ветер.
Северна платформа
уредиСеверната платформа се состои од три моста, насип и пат.
Откако главниот мост доаѓа до пристапниот мост Денхолм (Vorlandbrücke Dänholm, BW 3), кој е долг 532,3 метри и пристапниот мост Штрелазунд (Vorlandbrücke Strelasund, BW 4), со должина од 532,2 метри. Обете градби имаат 10 дела од армиран бетон, изградени врз столбови направени од бетон. Оградата на мостот Денхолм е проектирана со височина од 0,7 метри со стаклени панели, како и дефлектори против ветер.
Последната градба на мостот е Штрелазундскиот мост, долг 539 метри (Strelasundbrücke, BW 5). Овој исто така е направен од армиран бетон. Последниот дел на Штрелазундскиот премин поминува низ уште еден насип. Должината на овој насип е 455,95 метри, додека над него има дополнителни 732 метри пат. Постои и потпатник за велосипедската патека.
Ригенски насип
уредиРигенскиот насип (Rügendamm) — името на првичниот мост, кој го поврзувал островот Риген и градот Штралзунд на копното на покраината Мекленбург-Западна Померанија. Мостот бил изграден во 1930-тите и бил отворен во октомври 1936. Ригенскиот насип се состои од два дела:
- Штрелазундски мост, долг 1,8 километри, и насип кој се протега над Штрелазунд; неговата должина е 1,8 километри.
- Мост Цигелграбен, подвижен мост преку протокот Цигелграбен. Овој мост се отвора неколкупати во денот со цел да се дозволи премин на големи бродови. Пред изградбата на новиот Ригенски мост, подвижниот мост бил извор на сообраќаен застој.
Денес, Ригенскиот насип обезбедува само патен и железнички пристап до островото Денхолм.
Фериботски линии
уредиПомеѓу Штралзунд и Алтефер постои фериботска линија, на која возат мало патнички бродови, кои се користат исклучиво за патници. Линијата е управувана од бродската компанија Weiße Flotte.
Надворешни врски
уреди„Штрелазундски премин“ на Ризницата ? |
- Втор Штрелазундски премин Архивирано на 4 март 2016 г.