Реј - (англиски: Ray)- американски филм од 2004 година, во режија на Тејлор Хекфорд. Главните улоги ги играат: Џејми Фокс и Кери Вашингтон.

Содржина уреди

Филмот претставува биографија на легендарниот американски музичар Реј Чарлс (го игра Фокс). Филмот започнува со приказ на сиромашното детство на Реј, кој на шестгодишна возраст го губи видот. Подоцна, Реј остварува успешна музичка кариера, продавајќи многу плочи и освојувајќи голем број престижни награди, но постепено, обземен од славата, тој заглавува во проблеми со жените и со дрогата.[1] [2]

Наводи уреди

  1. „Реј“, Антена, број 899, 18.9.2015, стр. 19.
  2. „Реј“, Антена, број 900, 25.9.2015, стр. 14.