Рејов синдром
Рејовиот синдром е брзопрогредирачка енцефалопатија. Симптомите може да вклучуваат повраќање, промени во личноста, конфузија, напади и губиток на свест. Иако типично има појава на хепатотоксичност, жолтица вообичаено не се појавува. Смртен исход се случува кај 20–40% од засегнатите и околу една третина од преживеаните имаат значителен степен на мозочно оштетување.[1][2]
Рејов синдром | |
---|---|
Синоними | Reye's syndrome |
Специјалност | Педијатрија |
Причинителот на Рејовиот синдром е непознат.[1] Вообичаено започнува кратко после закрепнување од вирусна инфекција, како инфлуенца или варичела.[3] Околу 90% од случаите кај децата се поврзани со употреба на аспирин (салицилат).[1]
Превенцијата обично вклучува избегнување на примена на аспирин кај деца.[3] Откако аспиринот е повлечен за употреба кај деца било забележано намалување за 90% од случаите.[1] Раната дијагноза го подобрува исходот.[3] Терапијата е супортивна.[3] Манитол може да се даде кај церебрален едем.[1]
Првиот детален опис на Рејовиот синдром го направил Даглас Реј, австралиски патолог, во 1963 година.[4] Најчесто, засегнатите се деца.[1] На годишно ниво, помалку од едно од милион деца е засегнато.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „NINDS Reye's Syndrome Information Page“. NINDS. септември 25, 2009. Архивирано од изворникот на август 1, 2016. Посетено на август 8, 2016.
- ↑ McMillan, Julia A.; Feigin, Ralph D.; DeAngelis, Catherine; Jones, M. Douglas (2006). Oski's Pediatrics: Principles & Practice (англиски). Philadelphia: Lippincott Williams & Wilkins. стр. 2306. ISBN 9780781738941.
Надворешни врски
уредиКласификација | |
---|---|
Надворешни извори |