Реплот
63°15′N 021°24′E / 63.250° СГШ; 21.400° ИГД
Реплот (шведски: Replot; фински: Raippaluoto) ― остров во Кваркен („Грлото“), најтесниот дел од Ботнискиот Залив во северниот дел на Балтичкото Море. Има околу 2.100 жители, речиси само шведски говорници. Големината е околу 150 км², еден од најголемите острови во Финска.
Областа била населена уште пред времето на шведското владение над Финска; првите живеалишта може да бидат проследени барем до 11 век, а можеби и порано.[1] Денес има четири главни заедници на островот, Реплот киркоби, Нора Валгрунд, Седра Валрунд и Седеруден, од кои повеќето имаат основни училишта, иако некои затворања се случиле во 2000-тите.[2] Реплот бил независната Општина Реплот до 1973 година, кога територијата на општината била припоена кон Општина Коршолм, во близина на Васа. Од 1997 година, Реплот е поврзан со копното преку Реплотскиот мост, заменувајќи ја претходната врска со траект што била воспоставена од 1952 година. Мостот согласно 2009 година е најдолгиот мост некогаш изграден во Финска, со должина од 1,045 м.
Реплот е дел од поголем архипелаг и повеќето од помалите острови околу Реплот традиционално се користени како риболовни кампови. Денес зградите воглавно се користени како викендички бидејќи поморските активности играат голема улога во културата на регионот. Риболовот во денешно време е претежно рекреативна активност, но сè уште има голем број професионални рибари кои се активни во Реплот.[3] Северно од Реплот се наоѓа островот Бјерке, кој порано и припаѓал на Општина Бјеркеби, што е и името на нејзиното главно село.
Голем дел од реплотскиот архипелаг е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Korsholms skärgård :: Replot historia“. Посетено на 6 април 2023.
- ↑ „Söderuddens skola stängs för gott - Vasabladet“. www.vasabladet.fi. Архивирано од изворникот на 2011-09-28.
- ↑ „Snickars Fisk“. Архивирано од изворникот на 2012-02-07. Посетено на 6 април 2023.
- ↑ UNESCO World Heritage Centre. „High Coast / Kvarken Archipelago“. Посетено на 6 април 2023.