Рем (единица)
Рем (англ. Rentgen Equivalent for Men) — единица мерка вон SI системот, а ја означува количината на еквивалентна доза на јонизирачко зрачење. Настанала врз основа на мерната единица рендген, која исто така е единица за мерење вон SI системот, што ја означува количината на рендгенско или гама-зрачење потребно за да се генерира 1 електростатичка единица електрицитет (3 x 10 9 јонски парови) на см3 сув воздух востандардни услови. Името го носи по германскиот физичар Вилхелм Рентген.[1]
1 рем е сто пати помала мерна единица од Sv (сиверт). Претворање:
- 1 Sv = 100 рем или
- 1 рем = 0,01 Sv
Еквивалентна доза на јонизирачко зрачење од 50 ремa обично не е опасна за луѓето и ќе предизвика мали промени во крвната слика. Од 50 до 200 рема можат да предизвикаат болест, но обично не е смртоносно. Еквивалентни дози од 200 до 1000 рема можат да предизвикаат сериозни болести и понекогаш можат да бидат смртоносни. Еквивалентни дози поголеми од 1000 рема се смртоносни.[2]
Рем е голема вредност за еквивалентна доза на јонизирачко зрачење, па затоа често се користи единицата милирем (ознака: mrem), која е илјада пати помала. Се препорачува да не се користи рем како единица за мерење, туку сиверт (Sv).[3]