Бабуна (река)
- За други значења на поимот Бабуна, видете на појаснителната страница
Бабуна — река во Македонија, десна притока на Вардар. Таа извира под врвот Солунска Глава на планината Јакупица. Има должина од 65 километри, а нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 612 км2[1]. Бабуна протекува јужно и југозападно од Велес.
Бабуна | |
---|---|
Бабуна во близина на Велес | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Јакупица |
• координати | 41°42′6.8″N 21°26′38″E / 41.701889° СГШ; 21.44389° ИГД |
• надм. вис. | 1.720 м |
Устие | |
• место | Вардар |
• координати | 41°41′13.9″N 21°48′24.1″E / 41.687194° СГШ; 21.806694° ИГД |
• надм. вис. | 155 м |
Должина | 65 км |
Големина на сливот | 612 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Вардар→ Егејско Море |
Течение
уредиРеката Бабуна извира на југоисточната страна на Мокра Планина под врвот Солунска Глава[2] и протекува помеѓу планинскиот масив Јакупица од левата и планината Бабуна од десната страна. Од своите извори на кои се наоѓаат прекрасните водопади во пределот над селото Нежилово тече во јужен правец до Богомила[2]. Оттука протекува во југоисточен правец со до селото Оморани од каде што свртува кон североисток сѐ до вливот во Вардар[3]. Бабуна има живописна клисуреста челенка, делумно клисуресто речно корито, мали водопади во нејзиниот горен тек. Се храни со вода од поголем број на притоки.[4]. Во своето течение долго 53 километри, прима неколку притоки, од кои најзначајни се десните притоки: Брезица, Изворска и Војничка Река[2]. Поради извонредната чистина на водата во Бабуна живеат повеќе видови риби како пастрмка, плашица, бојник, како и речни ракови, кои се често ловени во летниот период. Во долниот тек реката минува низ клисурата Пешти, каде што речните вирови се доста посетени од капачи преку летниот период.
Галерија
уреди-
Горното течение на реката Бабуна, сликана од патот Богомила - Папрадиште
-
Клисурата Пешти на реката Бабуна
-
Долното течение на реката Бабуна во близината на клисурата Пешти
-
Преминување на Бабуна со дрво и јаже, 1915 г.
-
Скица на прсторот и положбата на земјиштето на проектиран мост на реката Бабуна, кај село Оморани, 1938 г.
Наводи
уреди- ↑ „- РИБОЛОВНА ОСНОВА ЗА "СЛИВ НА ВАРДАР - СРЕДНО ТЕЧЕНИЕ" ЗА ПЕРИОД 2011 - 2016. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. стр. 3-4“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2014-05-14.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр. 138
- ↑ Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр. 129
- ↑ Миловој Гашевски, Основни хидрографски особености на главните притоки на Вардар во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979
Надворешни врски
уреди- Бабуна (река) на Ризницата ?