Регионална народна библиотека „Петко Р. Славејков“


Регионалната народна библиотека „Петко Р. Славејков“ (бугарски: Регионална библиотека „Петко Р. Славейков“) ― културно установа во Велико Трново.

Регионална библиотека
„Петко Рачов Славејков“
Карта
ЗемјаБугарија
Основана1889; пред 134 години (1889)
МестоВелико Трново
Фонд
Обем567 934 тома
Службена страницаwww.libraryvt.com
Карта

Историја

уреди
 

Патријаршиска библиотека

уреди

Во неколку цркви во Велико Трново во османското владеење биле чувани многу вредни книги и ракописи од Втората бугарска држава и ракописи, поврзани со Бугарите од векови, коишто следуваат.

Според некои легенди после завладувањето на Трново, книгите и ракописите биле скриени во Патријаршиската црква „Свети Петар и Павле“. Сред сочуваните книги се: Манасиевиот летопис, Четвероевангелието на цар Јован Александар, Песнивец на цар Јован Александар, Томичов псалтир.[1] Според легендите покрај ракописи и книги во неа биле сочувани царски писма и договори, житија и псалтири, напишани и богато украсени со миниатури. Грчки владика заповедал да бидат изгорени.[2]

Старобугарска библиотека

уреди

Во градови постоела старобугарска библиотека, која што била опожарена во 1842 година. Сведоци на горењето на книгите биле трновскиот учител Христо Драганов и племенникот му Иван Семерџиев. Драганов и Венета Семерџиева спасиле дел од книгите и ги скриле во скривалиште во Семерџивиот ан. Тие книги изгореле при пожар во 1879 година.[3]

Библиотека „П. Р. Славејков“

уреди

Денешната Регионална библиотека „Петко Р. Славејков“ во Велико Трново била пуштена како трет книжевен депозитар за земјава по Народната библиотека во Софија и Народната библиотека во Пловдив.[4]

Идејата за пуштање во употреба на народна библиотека во Трново била на Стилијан Чилингиров, којшто тогаш бил директор на Софиската библиотека. Основана била во 1889 година.[4] Зградата на библиотеката била пуштена на 15 август 1922 година.

Првично била сместена во зградата на ефоријата „Ангел Попов“. Прв директор на културната установа бил Моско Москов. Изработен бил план за изградба на зградата на библиотеката. Била избрана парцела за која биле експроприрани 13 дворови. Повеќето земјопоседници ја донирале својата земја бесплатно. Вкупното купено земјиште е во вредност од 600.000 лева. Направен бил проект на комплекс во кој ќе бидат сместени музеј и библиотека. Изградбата започнала во 1940 година.[4][5]

Библиотеката била преименувана на Окружна методичка библиотека во 1953 година. Зградата е дело на архитект Ангел Дамјанов. Била преименувана во Окружна народна библиотека „Петко Рачов Славејков“ во 1958 година. Методичкиот оддел при библиотеката прераснал во Дирекција „Библиотеки“ на Окружниот совет за култура во Велико Трново (1979) и го раководи окружниот библиотечен систем.

Р.Б. „П. Р. Славејков“ има соработка со библиотеката во Линц, Австрија. По случај 50-годишнината од создавањето на библиотеката била наградена со орден „Кирил и Методиј“ I степен во 1971 година.[6]

 

Директори на библиотеката

уреди
  • Моско Москов (1932 – 1933)
  • Димитар Цончев и Асен Христов (1933)
  • Пенчо Крусев (1933 – 1944)
  • Иван Пенчев (1944 – 1958)
  • Влчо Сариев (1958 – 1974)
  • Диана Султова (1974 – 1988)
  • Димо Минчев (1988 – 2000)
  • Иван Александров (2000 – 09.2019)
  • Калина Иванова (09.2019 – )

Книжевен фонд

уреди

Фондот на библиотеката вклучува 613 615 библиотечни единици – книги, периодика, стандарди, графични и нотни изданија, грамофонни плочи, аудио и видео кадети, микрофилми и CD. Сочуваат се 1200 старопечатни книги, меѓу кои: „Постен триод“, „Неделник“ од Софрониј Врачански, „Рибен буквар“ од д-р Петар Берон и други. Се чуваат архивски броеви од месните „Борба“, „Јантра“ и други весници и списанија.

Манифестации

уреди
  • „Библиотеката – средиште за културна и опшстествена интеграција“

Извори

уреди
  • Државен архив, Велико Трново, Ф1417
  • „Опожаряване на старобългарската библиотека во Велико Трново“, Николај Иванов

Наводи

уреди
  1. Форум "Наука": „За унищожаването на Търновската дворцова библиотека“ – в www.chitatel.net, 04.01.2011 г.
  2. Изграждането на Търновската патриаршеска библиотека – в starotarnovo.ucoz.com (невалидна препратка)
  3. С. Боянова, „Книга разбулва тайните около опожаряването на старопрестолната библиотека през 1842 г.“ – в borbabg.com, 12.05.2016 г.
  4. 4,0 4,1 4,2 Кратка история на РНБ „П. Р. Славейков“ – в сайта на библиотеката
  5. Тодорка Недева, „Старо Търново. Как бяха построени Народна библиотека „Петко Рачов Славейков“ и Археологическият музей“ Архивирано на 30 август 2017 г. – в borbabg.com, 04.10.2013 г. (невалидна препратка)
  6. „Регионалната библиотека с партньори от австрийския град Линц“ – в borbabg.com, 18.11.2016 г.

Надворешни врски

уреди