Рајна Кнегиња
Рајна Поп-Георгиева Футекова (бугарски: Райна Попгеоргиева Футекова), позната како Рајна Кнегиња (бугарски: Райна Княгиня) била учителка и револуционерка од Бугарија, која го сошила знамето на Априлското востание од 1876 година. Во денот на објавувањето на востанието, таа го развеала со комитата Георги Бенковски.
Биографиja
уредиРаjна Футекова е родена во 1856 г. во потбалканското гратче Панаѓуриште. На 20 години таа станува учителка во женското училиште во родното Панаѓуриште. За време на подготовката на востанието, комитата Георги Бенковски ја замолува да го сошие бајракот на Панаѓурскиот револуционерен округ. Таа се согсласува на тоа и го сошива знамето на кое лавот го нацртал Стојан Каралеев, по образец на лавот од печатот на Бугарскиот Револуционерен Централен Комитет, а буквите од натписот Слобода или смрт!' ги напишал Иванчо Зографа. На 22 април 1876 година на осветувањето на знамето Рајна се сеќава:
- „На вториот ден на слободата знамето веќе беше довршено. Тогаш, по желба на граѓаните, требеше да го фатам знамето во раце, да нарамам сабја и револвер и да седнам на избран коњ, да поминам низ целиот град и да му соопштам на насобраниот народ дека петвековното турско ропство е отфрлено за секогаш. Тоа беше најсјајниот ден на нашата кратковремена слобода. Беловласи старци, заедно со мали деца, одеа насекаде по мене, пееја сакани народни песни. По нас жени, девојки и старици фрлаа цвеќиња. "Ура!" и "Да живее!" немаа крај...
По задушувањето на востанието, Рајна е уапсена од Турците и после тешки страдања таа е оставена без леб и вода повеќе од месец време во Пловдискиот затвор. Потоа Рајна успева да избега во Москва со нелегитимен пасош. Таму студирала медицина и дипломирала бабиштво. Подоцна се враќа во Бугарија. Мајка е на пет синови. Умира на 29 јули 1917 година во Софија. Подоцна за својата смела постапка Рајна е објавена за национална хероина. Затоа и е доделена титула "кнегиња".
Поврзано
уреди- Врв "Рајна Кнегиња", планински врв на остров Ливингстон, Антарктик
Надворешни врски
уреди„Рајна Кнегиња“ на Ризницата ? |