Рахилка Фирфова Ѓоргова-Раца (Велес, 1911 - Скопје, 2000), позната е како „магичната муза“ на Коста Солев. Тој на 6 октомври 1928 година како псевдоним го зел нејзиното име и станал познат како Рацин.

„Антологија на болката“ e стихозбирка напишана помеѓу февруари и јули 1928 година која ѝ е посветена на Рахилка Фирфова, ученичка во шести клас на велешката гимназија. Стихозбирката е потпишана со скратената форма К. Р-ин, израз на псевдонимот Рацин, за кој во една своја картичка од 6 октомври 1928 година, ѝ пишува на својата сакана: „Го земам твоето име како мое, и за тоа ти подарувам бесмртност“. Така и станува, а Рацин во своето презиме трајно и болно ќе ја носи големата и невозвратена љубов.[1][2][3]

Наводи уреди

  1. „„ГО ЗЕМАМ ТВОЕТО ИМЕ КАКО МОЕ, А ТЕБЕ ТИ ПОДАРУВАМ БЕСМРТНОСТ" - ЉУБОВНИТЕ ПИСМА НА КОЧО РАЦИН ДО РАЦА ПРВПАТ НА ИЗЛОЖБА ВО НУБ“. Сакам Да Кажам. 2018-06-29. Посетено на 2018-12-31.
  2. „„Ноќна романса за Кочо Рацин" -изложени љубовните картички од Кочо кон Раца | Телма“. Посетено на 2018-12-31.
  3. „Рахилка Фирфова Ѓоргова: „Зборовите напишани на картичките од Рацин се врежани во мојата душа". duma.mk. Посетено на 2018-12-31.