Рафаел Холцдепе
Рафаел Марсел Холцдепе (р. 28 септември 1989 во Кајзерслаутерн) — германски атлетичар кој се натпреварува во дисцииплината скок со стап. Тој на Светското првенство 2013 во Москва го освоил златниот медал. Тој исто така е носител на бронзен медал од олимписките игри во Лондон.
Холцдепе со златниот медал на државното првенство на Германија во 2015 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Полно име | Рафаел Марсел Холцдепе | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Националност | Германија | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден(а) | 28 септември 1989 Кајзерслаутерн | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Живеалиште | Цвајбрикен, Германија | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | м | 1,81|||||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 80 кг | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | атлетика | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | скок со стап | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Тренер | Андреј Тивончик | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Животопис
уредиРафаел Холдепе има африканско потекло, и бил посвоен од германски пар набрзо по своето раѓање.[1] Тој е роден во Кајзерслаутерн, Германија. Со скок со стап, Холцдепе почнал да се занимава од 10. годишна возраст.
На Светското јуниорско првенство во 2006, Холцдепе завршил на петтото место, а на следното Светско јуниорско првенство, во 2008 тој бил првопласиран освојувајќи го златниот медал. На европското јуниорско првенство во 2007, тој бил еден од фаворитите за златниот медал, но настапот го завршил во квалификациите откако не успеал да ја прескокне почетната висина од 5.10 метри.
На Летните олимписки игри 2008, Холцдепе прескокнал 5.65 метри и успеал да се квалификува за финалето во кое завршил на осмото место. Четири години подоцна, на Летните олимписки игри 2012, Холцдепе го освоил бронзениот медал зад Бјерн Ото и Рено Лавилени со прескокнати 5.91 метри.
Своето прво сениорско злато, Холцдепе го освоил на Светското првенство 2013 во Москва, каде успеал да прескокне 5.89 метри, исто како и Лавилени, но со помалку обиди.
На 24 јуни 2015, на митингот во Баку, Азербејџан, Холцдепе го остварил својот најдобар резултат во кариерата прескокнувајќи 5,92 метри.[2] Тој го подобрил својот најдобар резултат во кариерата на 26 јули 2015, во Нирнберг, на државното првенство на Германија, каде го освоил првото место со прескокнати 5.94 метри.
На Светското првенство 2015, тој го освоил сребрениот медал со прескокнати 5.90 метри.
Лични рекорди
уредиДисциплина | Резултат | Место | Датум | |
---|---|---|---|---|
Скок со стап | На отворено | 5,94 м | Нирнберг, Германија | 26 јули 2015 |
Во сала | 5,82 м | Карлсруе, Германија Руан, Франција |
26 февруари 2012 26 јануари 2013 |
Наводи
уреди- ↑ „Holzdeppe ist der neue deutsche Überflieger“ (германски). 29 June 2008. Посетено на 2012-08-23.
- ↑ Nick Butler (24 June 2015). „Holzdeppe wows crowds to win pole vault gold at Baku Street Athletics“. insidethegames.biz. Посетено на 27 June 2015.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 1 јуни 2013 г.
- Профил на IAAF.org
- Профил на european-athletics.org