Ратка Бакалиноска

Ратка Бакалиноска ( 1926, Битола26 јануари 2022, Скопје) — првоборец и носител на Партизанска споменица 1941, одликувана со повеќе ордени и признанија на републичко и сојузно ниво.[1]

Ратка Бакалиноска
Роден 1926
Битола, СХС
Починал 26 јануари 2022(2022-01-26) (возр. 95–96)
Скопје, Македонија

Животопис

уреди

Роденa е во Битола каде го завршува основното образование, а пред завршување на гимназија им се приклучила на партизаните во борбата со фашистичкиот окупатор. По ослободувањето, завршила гимназија и дипломирала на Филолошкиот факултет во класата на проф. д-р Блаже Конески.

Во текот на работниот век извршувала голем број општествени функции на републичко и сојузно ниво, меѓу кои помошник-министер за информации, советник на министерот за информации на СРМ, член на Републички комитет за меѓународни односи, член на Советот на Радио Скопје и на други комитети на републичко и сојузно ниво. Посмртните останки ќе бидат погребани во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел. [1]

Во декември 2020, поттикната од тогашното вето на Бугарија за влез на Македонија во ЕУ, при што, меѓу другото, Бугарија го оспорува ословувањето на нејзината власт во Македонија од 1941-44 како окупаторска и фашистичка, Бакалиноска ја раскажала својата лична приказна за животот под бугарска окупација.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Почина партизанката од Битола Ратка Бакалиноска“. Слободен печат. 26 јануари 2022. Посетено на 29 јануари 2022.
  2. „ПОЧИНА РАТКА БАКАЛИНОСКА, КОЈА БУГАРСКАТА ФАШИСТИЧКА ВЛАСТ ЈА ИЗМАЧУВАЛА КАКО 16-ГОДИШНА ПАРТИЗАНКА“. СДК. 26 јануари 2022. Посетено на 29 јануари 2022.