Антропоморфни мерки
Антропоморфни мерки — мерни системи кои произлегуваат од поедини делови на човековото тело. Овие мерки настанале заради потребата за меѓусебна соработка и потребата од заеднички јазик на величини на мерки во изведувањето на архитектонските и структурите со сличен карактер. Истите биле користени при изведбата на македонската традиционална архитектура сè до воведувањето на метричкиот систем.
Историја
уредиАнтропоморфните или физиометриските мерки се создаваат, независно од територијата и временскиот период, кај одделни цивилизации на Стариот Свет. Така во Египет како мерка за должина е користена лакот и палец, во Месопотамија стапка, во Стара Грција, освен веќе преземените, прст и педа, додека во Стариот Рим додадени се чекор и пасус. Аршин пак, како мерка се јавува за првпат кај Турците Османлии.
Римскиот теоретичар Витрувиј во своето дело Десет книги за архитектурата дава осврт на хомогеноста на антропоморфните мерки.
Мерки
уредиПоврзано
уредиЛитература
уреди- Хаџиева Алексиевска, Јасмина (Студентски збор, Скопје, 1985) „Мерки, антропоморфност и модуларни пропорции кај старата македонска куќа“