Морфологија (биологија)

(Пренасочено од Растителна морфологија)

Морфологијабиолошка наука која ги проучува формата и градбата на организмите, како и нивните поединечни особености во градбата.[1][2][3][4][5][6]

Облик на черупката кај полжавот Zonitoides nitidus, гледана од различни агли.
Оваа статија е за биолошката дисциплина. За останати значења на поимот „морфологија“ видете ја страницата за појаснување.

Поим

уреди

Зборот „морфологија“ потекнува од грчките μορφή, morphé што значи „форма, облик“ и λόγος, lógos што значи „наука, збор, истражување“.

Биолошкиот концепт на морфологија бил развиен од страна на Јохан Волфганг фон Гете во 1790 и независно од германскиот анатом и физиолог, Карл Фридрих Бурдах во 1800 година.

Гранки на морфологијата

уреди
  • Споредбената морфологија претставува анализа на закономерностите на појавување на структурите во рамките на телесниот план на градба на даден организам;
  • Функционалната морфологија значи проучување на врските меѓу градбата и функцијата на морфолошките одлики;
  • Експерименталната морфологија значи проучување на ефектите на надворешните фактори врз морфологијата на организмите во експеримантални услови, како на пример, ефектот на генетската мутација.

Освен оваа поделба, постои и друга која ја дели морфологијата на:

  • Анатомија, која го проучува обликот и градбата на внатрешните одлики на даден организам;
  • Еидономија, која го проучува обликот и градбата на надворешните одлики на даден организам.

Морфологијата и класификацијата

уреди

Повеќето таксони се разликуваат морфолошки од останатите таксони. Обично блиските таксони се разликуваат многу помалку отколку подалечните, но постојат и исклучоци од ова правило. Криптичките видови се видови кои се многу слични по изгледот, или дури и надворешно идентични, но се репродуктивно изолирани. Спротивно на ова, понекогаш далечни таксони се стекнуваат со сличен изглед како резултат на конвергентна еволуција или мимикрија. Уште еден проблем кој се јавува при потпирањето на морфолошки податоци е дека она што наликува на морфолошки два различни видови, всушност може со помош на ДНК-анализа да се покаже дека е еден единствен вид. Значајноста на овие разлики може да се испита преку употребата на алометриско инженерство, при кое едниот или двата видови се манипулираат за да го фенокопираат другиот вид.

Наводи

уреди
  1. „Morphology“. http://www.askoxford.com. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 2010-06-24. Надворешна врска во |publisher= (help)
  2. „Morphology“. Merriam Webster.com. Посетено на 2010-06-24.
  3. „Morphology“. dictionary.cambridge.org. Посетено на 2010-06-24.
  4. „Morphology“. encarta.msn.com. Архивирано од изворникот на 2010-06-21. Посетено на 2010-06-24.
  5. „Morphology“. dictionary.reference.com. Посетено на 2010-06-24.
  6. „Morphology“. http://www.dictionary.net/. Посетено на 2010-06-24. Надворешна врска во |publisher= (help)