Ралф Роуз
Ралф Валдо Роуз (17 март 1885 – 16 октомври 1913) — американски атлетичар кој бил специјализиран во фрлачките дисциплини. Тој бил олимписки шампион во дисциплината фрлање ѓуле од игрите во 1904 и 1908, а на игрите во 1912 го освоил златниот медал во фрлање ѓуле со две раце.
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Роден(а) | 17 март 1885 Хилдсберг, Калифорнија, САД | ||||||||||||||||||||||||
Починал(а) | 16 октомври 1913 Сан Франциско, Калифорнија, САД | (возр. 28)||||||||||||||||||||||||
Висина | м | 1,98||||||||||||||||||||||||
Тежина | 113 kg (249 lb) | ||||||||||||||||||||||||
Спорт | |||||||||||||||||||||||||
Земја | САД | ||||||||||||||||||||||||
Спорт | Атлетика | ||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | Фрлачки дисциплини | ||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Животопис
уредиРоуз бил првиот фрлач на ѓуле кој ја соборил границата од 50 чекори (15,24 метри). Неговиот светски рекорд од 15,54 метри, поставен во 1909 година, бил несоборлив 16 години. Во 1904 година, додека се школувал на Мичигенскиот универзитет, тој победил во дисциплините фрлање ѓуле и фрлање диск на универзитетското првенство Big Ten. Тој подоцна се натпреварувал за Олимпискиот клуб во Сан Франциско, Калифорнија и седум пати ја освоил титулата на националната аматерска атлетска унија во дисциплините фрлање ѓуле, фрлање диск и фрлање копје. Тој настапил на три изданија од Летните олимписки игри и освоил три златни, два сребрени и еден бронзен медал. На Летните олимписки игри 1904 во Сент Луис, тој го освоил златниот медал во фрлање ѓуле, сребрениот медал во фрлање диск и бронзениот медал во фрлање кладиво.
Четири години подоцна, на игрите во Лондон, тој ја одбранил олимписката титула во фрлање ѓуле. На свеченото отворање на игрите, Роуз кој бил знаменосец на САД, одбил (поддржан од мнозинството американски спортисти со ирско потекло) да го предаде знамето на кралската ложа, како што направиле останатите земји. Мартин Шеридан ја објаснил оваа акција на Роуз со кратката изјава, „Знамето не може да се предаде на кој било крал“. Според легендата, ова предизвикало огорченост помеѓу САД и Обединетото Кралство. Освен натпреварувањето во фрлање ѓуле, Роуз се натпреварувал и во влечење јаже, но екипата на САД не била успешна.
На Летните олимписки игри 1912 во Стокхолм, тој победил во дисциплината фрлање ѓуле со две раце префрлајќи 27.70 метри, го освоил сребрениот медал во вообичаеното фрлање ѓуле, завршил деветти во фрлање кладиво и еднаесетти во фрлање диск.
На 28-годишна возраст, тој починал од стомачен тифус во Сан Франциско.[1]
Наводи
уреди- ↑ „ATHLETE ROSE DEAD; VICTIM OF TYPHOID“. New York Times. October 17, 1913. Посетено на 4 July 2013.
Надворешни врски
уредиОлимписки игри | ||
---|---|---|
Претходник - |
Знаменосец за САД Лондон 1908 |
Наследник Џорџ Бонег |
Рекорди | ||
Претходник Нема |
Светски рекордер во фрлање ѓуле 21 август 1909 – 6 мај 1928 |
Наследник Емил Хиршфелд |