Добре дојде!

Здраво, Владимир Ѓорѓиески, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!

Браво за боја!

уреди

Вау, браво за Боја! Статијата е супер. Само така продолжете! Гледам дека е превод на статијата од англиската Википедија, а тоа е добро. Има само 2 нешта кои недостасуваат: референци и викиврски. Кога го преведувате текстот од англиската википедија, во текстот има вакви ознаки:


...Young's theory of color sensations, like so much else that this marvellous investigator achieved in advance of his time, remained unnoticed until Maxwell directed attention to it."<ref>Hermann von Helmholtz, ''Physiological Optics – The Sensations of Vision'', 1866, as translated in ''Sources of Color Science'', David L. MacAdam, ed., Cambridge: MIT Press, 1970.</ref>


Додека на дното од страницата има:

==References== (превод:Референци)
{{reflist|2}}

Ова служи за наведување на извори и на забелешки преку користење на фусноти[1]. Фуснотите служат за појаснување на потеклото на материјалот (изворот од каде потекнува некое тврдење). Цитирањето на извори е важен елемент од Википедија, бидејќи така таа ја задржува својата веродостојност како енциклопедија. Исто така, фуснотите се користат и за појаснувања на некои работи (како во книгите). Затоа во иднина кога ќе преведувате статија од англиската Википедија, оставајте го текстот меѓу ознаките <ref></ref>; можете слободно и да го преведете ако станува збор за забелешка. За основни информации за употреба на фусноти за цитирање извори или давање забелешки, ве молам видете Википедија:Почетен курс (Надворешни врски).

Друга важна работа која ѝ фали на статијата е постоењето на повеќе викиврски. За да не пишувам залудно, ве молам прочитајте ја оваа страница, доста е кратка и корисна: Википедија:Почетен курс (Викиврски).

Добар почеток, само така продолжете. --Brainmachinewtf? 11:32, 20 јули 2008 (UTC)

Забелешки

уреди
  1. Ова е фуснота

Re:Боја

уреди

Ок, оти на прв поглед кога ги погледнав статиите, сликите и табелите беа исти и ја зедов таа претпоставка, сега гледам дека има разлики. Поздрав, Brainmachinewtf? 12:00, 20 јули 2008 (UTC)

Еве сум, братучед

уреди

Се враќаш во Скопје и милијарда обврски. Убаво ми викаше да си останам. Гледам си почнал за Пинк Флојд нешто? Ќе ја разгледам подоцна или утре - малку да намалам обврски. Поздрав, --Виктор Јованоски 17:45, 22 јули 2008 (UTC)