Разговор:Си Џинпинг
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Си Џинпинг“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
Транскрипција и изговор
уредиСтранските имиња на македонски се транскрибираат најблиску што може до оригиналниот изговор.
Во случајов, изговорот е /ˌʃiː dʒɪnˈpɪŋ/.
Првиот слог е нешто измеѓу ши и си, и искрено не е толку битно дали ќе биде Ши или Си.
Вториот слог е нешто слично на џин, ама помеко. Не е доволно меко за да биде поблиску до чин или до цин, ама како и да е, апсолутно дефинитивно нема никаква блискост до ѓин.
Артефактот „ѓин“ е само остаток од махинално транскрибирање од српски, кој, верувале или не, е друг јазик, и никако не му е надреден на македонскиот. На српски, слогот ђин е доста блиску до оригиналниот изговор на името и затоа може да се искористи. Македонски „еквивалент“ на српската буква ђ е буквата ѓ, ама тоа нема никаква релевантност во случаи на транскрипција од трети јазици.
На кратко,
- изговорот е најблиску до Џинпинг;
- втори кандидати се Чинпинг и Цинпинг;
- Ѓинпинг нема место во дискусијата.
https://www.youtube.com/watch?v=G8dsjdm19qM&ab_channel=WarpSpeedChinese