Ова малку ме плаши. Статијава треба да е за мафијата... во моментов е "мафија е тоа и тоа, и тоа го нема(ло) во комунистичките земји". Слично уредување е направено на статијата Комунизам. Со тоа ми се чини дека, во моментов, е компромитиран енциклопедискиот дух на статијата, бидејќи читателот добива впечаток дека мафијата, или организираниот криминал се единствено својствени за земјите што не се "комунистички", а дека комунистичките земји некако се природно и тотално имуни на организиран криминал. Колку што знам, тоа бара сериозна аргументација, истражувања и сл. Но дури и да се докаже оваа корелација, што ќе повторам, бара сериозно цитирање извори, мислам дека е пристрасно статијата да биде во стилот "Мафијата е лоша работа својствена за сите земји, освен за комунистичките". Што е мафијата и како делува? Каде е формирана, структура? Тоа треба да биде главна цел на оваа статија, а не да биде фокусот на паралели меѓу комунистичките и некомунистичките земји. --FlavrSavr 05:24, 7 јануари 2007 (UTC)

Назад на страницата „Мафија“.