Разговор:Драгослав Ортаков

Проф. д-р Драгослав Ортаков е роден на 22.04.1928.година во Гевгелија. Основоположник е на музикологијата и музичката византологија во Македонија. Тој е и еден од основачите на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Автор е на голем број книги, огледи, статии и музички критики како базични дела на музичката наука кај нас. Неговото композиторско творештво брои околу 150 дела, како од инструменталниот, така и од вокалниот музички род, меѓу кои се издвојуваат голем број црковно-музички дела. Во тој сегмент од композиторската дејност на Драгослав Ортаков, централно место им припаѓа на неговите дешифрации и хармонизации на црковни песнопенија. Добитник е на голем број награди и признанија, од кои кај нас се издвојуваат наградите “Св. Климент Охридски“, “13-ти ноември“, “Трајко Прокопиев“, а исто така и на награди и признанија во странство, поврзани со неговата музиколошка и композиторска дејност. Починал на 09.12.2007 година во Скопје.

Назад на страницата „Драгослав Ортаков“.