Разговор:Бугарска окупација на Македонија во Втората светска војна

Последен коментар: пред 12 години од Dalco26

Прогласување воjна на Германија

уреди

На 6 септември 1944 година во штабот на Петтата бугарска армија била примена наредба сите делови да се соберат на 9 септември во Прилеп и да се движат источно од реката Вардар. Во меѓувреме, командантот генерал Александар Попдимитров склучил договор, на 7 септември 1944 година со германскиот штаб во Скопје, за „симболична војна“ на двете земји во Македонија. Ова негово дејствување ги деморализирало бугарските војници и одиграло фатална улога. Така започнало повлекувањето на Петтата бугарска армија од Македонија, што било дезорганизирано и хаотично и многу војници потпаднале под германско апсење. Само 17-та пешадиска дивизија, која е најблиску до бугарска граница успеала целосно да се повлече , а 15-та дивизија единствена се спротивставила и водела борби со Германците во Битола и Прилеп со поддршка на бугарската авијација, а потоа се повлекла во мали групи кон Бугарија. Македонците и нивните сојузници, југословенските партизани, без оглед на новата власт во Софија, се однесувале кон Бугарската држава како кон непријателска сила, имајќи го на ум фактот дека Бугарите биле сојузници на Фашистите. Од друга страна во првите неколку дена по 9 септември 1944 година, бугарските војски успеваат да ги одбијат неколкуте акции на германски сили во правец Кула-Видин и Ќустендил-Софија.

Преминување кон сојузниците

уреди

Во текот на ноќта на 8 спрема 9 септември во услови кога започнала советска окупација, левите офицери ги презеле клучните пунктови во Софија. Така во пракса, воените дејствија против Германците почнуваат по доаѓањето на власт на владата на Татковинскиот фронт на 9 септември. Тој бил предводен од Кимон Георгиев од политичкиот круг "Звено" коj веднаш потпишал примирје со Советскиот Сојуз. Во таква ситуација како најголем стабилен партнер на новата влада се јавил т.н. „Национален комитет за ослободување на Југославија“. Како резултат на тоа, на 5 октомври 1944 година во Крајова, Романија се склучил договор за воена соработка меѓу Бугарија и претставници на отпорот од окупирана Југославија.[1][2] Во меѓувреме, Бугарија се повлекла и од централните делови на Егејска Македонија кон крајот на август. Неjзните воjски изградиле одбранбена линија по старата граница на окупаторска зона во Грциjа (1941-1943 г.) по бреговите на Струма до Бело Море. По овоj правец во средината на септември таа успешно организирала неколку мали напади на германските војски. Така по превратот новата власт не дала наредба за повлекување на бугарските војници од источна Егејска Македонија и Западна Тракија, надеваjки се да ги зачува како „бугарски земји“. На 6 октомври, сепак, Сталин му соопштил на Георги Димитров дека бугарските војски треба да се прикажат оттаму, бидејќи тоа е еден од условите на Велика Британија, што Советскиот Сојуз прифаќа за да добие контрола врз Романија и Бугарија. На 26 октомври Бугарија конечно се повлекува од Тракија и Егејска Македонија, териториии кои биле предадена на грчките партизани од ЕЛАС. На 28 октомври било потпишано т.н. Московско примирје со СССР, САД и Велика Британија во Москва.

Повторно навлегување на бугарската армија во регионот

уреди

На 18 септември 1944 година бугарската војска преминала во оперативна послушност на командантот на III-ти Украински фронт на чело со маршал Фјодор Толбухин. Мобилизирањето на бугарската армија (преименувана во Бугарска народна армија) започнало на 18 септември, а завршило кон крајот на истиот месец. Пред бугарската армија, како дел од силите на советскиот III-ти Украински фронт, се поставила задачата да го обезбедува левото крило на Црвената армија, да декласира противничките сили во Србија и Вардарска Македонија и да го прекине патот за повлекување на германските армии од Грција по долините на реките Морава, Вардар и Ибар.[3][4] Бугарската воена група изнесува 10 дивизии, 8 бригади и други војничкиот сили, кои се состојат од околу 340,000 човекa.[5] Од 8 до 14 октомври 1944 година бугарските војски ја спроведуваат Нишката операција - поразена е VII СС дивизија и е ставен под контрола градот Ниш. Од 8 октомври до 19 ноември се одржала Страцинско-кумановската операција - преземени биле Страцин, Куманово и Скопје. Во исто време се водела и Брегалничко-струмичката операција, и како резултат на неа биле освоени Делчево, Кочани, Штип, Струмица, Велес и други населби. Од 21 октомври до 30 ноември се одржала Косовската операција, при која биле освоени градовите Подуево, Приштина, Косовска Митровица, Рашко и Нови пазар. Насекаде југословенските партизани соработувале со Бугарите, но со тешкотии и недоволно разбирање.[6] Така под притисок на македонските политички водачи и нивните југословенски сојузници по ослободувањето на Вардарска Македонија и Поморавјето, Втората и Четвртата армија се принудени да се повлечат назад во Бугарија, а само Првата бугарска армија била оставена на разположение на Третиот украински фронт и продолжила кон Белград.

Со тоа биле исполнети одредбите од Московското примирје со кое Бугарија била обврзана да ги обезбеди своите вооружени сили под водство на Советската главна команда, а бугарската војска, цивилната администрација и сите бугарски државјани да се повлечат од Вардарска Македонија, Поморавјето и Тракија. Примирјето ја ставило Бугарија во положба на де jуре окупирана држава под контрола на Сојузничка контролна комисија.

Оваа статија е за Бугарската окупација на Македонија, а целиот овој текст се однесува за Ослободувањето на Македонија во Втората светска војна. Со повлекувањето на Петата бугарска армија и заминувањето на бугарската администрација завршила Бугарската окупација... отука текстот е префрлен во статијата Ослободувањето на Македонија во Втората светска војна... --Хилариус Книгоподврзувачот (разговор) 13:49, 5 ноември 2012 (CET)Одговори
  1. The establishment of communist regimes in Eastern Europe, 1944-1949, Norman M. Naimark, Leonid Ianovich Gibianskiĭ, Westview Press, 1997, ISBN 0-8133-8997-6, p. 60.
  2. The Macedonian question and the Yugoslav-Bulgarian relations (1944–1948). Dobrin Michev, Sofia University publishing house, Sv. Kliment Ochridski, 1994, p. 378.
  3. Axis Forces in Yugoslavia 1941-45, Nigel Thomas, K. Mikulan, Darko Pavlović, Osprey Publishing, 1995, ISBN 1-85532-473-3, p. 33.
  4. World War II: The Mediterranean 1940-1945, World War II: Essential Histories, Paul Collier, Robert O'Neill, The Rosen Publishing Group, 2010, ISBN 1-4358-9132-5, p. 77.
  5. The Oxford companion to World War II, Ian Dear, Michael Richard Daniell Foot, Oxford University Press, 2001, ISBN 0-19-860446-7, p. 134.
  6. War and revolution in Yugoslavia, 1941-1945: occupation and collaboration, Jozo Tomasevich, Stanford University Press, 2001, ISBN 0-8047-3615-4, p. 168.
Назад на страницата „Бугарска окупација на Македонија во Втората светска војна“.