Раде Дичоски
Раде Дичоски (Мало Коњари, Прилепско, 21 април 1966) — македонски аниматор и илустратор.[1]
Раде Дичоски | ||
Роден | 21 април 1966 Мало Коњари, Прилепско , Македонија | |
---|---|---|
Занимање | аниматор и илустратор |
Животопис
уредиДичоски е роден на 21 април 1966 година во прилепското село Мало Коњари, каде после завршеното основното училиште заминал во Нови Сад во военото медицинско училиште. Како воен старешина рабоел во ЈНА, а во меѓувреме се занимавал со сликарство и кратки стрип приказни за војничките списанија. Од осамостојувањето на Македонија работи во АРМ и продолжил да работи на македонските народни приказни собирани од Марко Цепенков и можноста тие да се прикажат во стрип. Во 2005 година било издадено и првото стрип списание со македонски народни приказни каде главни ликови се Ѓорѓи и Шенка Колозови како едни од најприфатените за презентирање на народните македонски приказни. Со цел посликовито да се долови начинот на живеење, обичаите, јазикот, архитектурата, носиите и другите одлики на тоа време, тој продолжил со обработка на познатите ликови Итар Пејо и Насредин Оџа. Како пензиониран старешина во моментов соработува со војничкото списание Армиски Збор и Австралиско – македонски неделник.
Наводи
уреди- ↑ „Доделени наградите за најдобри изданија меѓу два саема на книга и либрографика“. Иди Види. 14 04 2009 08:09:47. Посетено на 2012-05-28. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)