Рабија ел-Адевија

ирачки суфија и поет
(Пренасочено од Рабија ал-Адавија)

Рабија ел-Адевија ал Кајсија (арапски: رابعة العدوية القيسية‎‎) (родена меѓу 714 и 718 - починала во 801 година) - муслиманска (суфиска) светица. Некаде е позната и како Хазрат Биби Рабија Басри или како Рабија Басри.

Учењето на Рабија ел-Адевија

уреди

Рабија ел-Адевија е најпозната по тоа што аскетската традиција ја споила со посебен вид љубовен мистицизам. Притоа, нејзината љубов кон Бога била апсолутна и ексклузивна во однос на сè, не допуштајќи место за страв од пеколот, омраза кон ѓаволот или страст за рајот.[1]

 
Рабија ел-Адевија прикажана во периски речник.

Рабија ел-Адевија како тема во книжевноста

уреди
  • „Рабија ел-Адевија“ - суфиска приказна.[2]
  • „Рабија“ (Rabia) - турски филм од 1973 година, во режија на Осман Ф. Седен.[3]
  • „Рабија, првата жена-светица“ (Rabia, İlk Kadın Evliya) - турски филм од 1973 година, во режија на Суреја Дуру.[4]

Наводи

уреди
  1. „Рабија ел-Адевија“, во: Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 85.
  2. Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 85.
  3. „Rabia (1973)“. IMDb.com. Посетено на 5 May 2016.
  4. „Rabia/İlk Kadın Evliya“. Sinematurk.com. Посетено на 5 May 2016.