Пуѓе
Аисин Гјоро Пуѓе (кинески: 愛新覺羅溥傑 (традиционално), 爱新觉罗溥杰(упростено), Àixīnjuéluó Pǔjié, 16 април 1907 — 28 февруари 1994) бил најмлад брат на последниот кинески цар Пуји. Пуѓе, доколку не би била укината монаријата, би бил претпоследен кинески цар.
Пуѓие | |||||
---|---|---|---|---|---|
Аисин Гјоро Пуџие со Хиро Сага, слика за време на свадбата | |||||
Цар на Манџурија | |||||
Претендент | 17 октомври 1967 – 28 февруари 1994 ( | 26 години и 134 дена)||||
Претходник | Пуји | ||||
Наследник | Ѓин Јоуџе | ||||
Роден(а) | 16 април 1907 Пекинг, Кина | ||||
Починал(а) | 28 февруари 1994 Пекинг, Кина | (возр. 86) ||||
Сопружник | Тунг Шесја Хиро Сага | ||||
Деца | Хуишенг Јуншенг | ||||
| |||||
Династија | Аисин Гјоро | ||||
Татко | Цајфенг | ||||
Мајка | Гувалгија Јоулан |
Животопис
уредиПуѓе е втор син а Цајфенг и неговата жена Гувалгија Јоулан. Како дете, тој бил одведен во Забранетиот град за да му прави друштво на неговиот брат Пуји. Во 1929 година Пуѓе бил испратен во Јапонија на студирање. Тој дипломирал во Гаукушуин и го научил одлично јапонскиот јазик. Подоцна тој се запишал на Империјалната јапонска воена академија и дипломирал во јули 1935 година.
Пуџие за првпат се оженил во 1924 година со манџурската принцеза Тунг Шесја, но немало добар однос. Тој ја напуштил жената кога отишол во Јапонија и по неколку години бракот сосема пропаднал. Кога дипломирал во Јапонија тој се согласил на договорен брак со некоја богата Јапонка. Пуџие ја избрал неговата жена Хиро Сага, која пак била во роднинска врска со јапонското кралско семејство. Тој ја избрал кога ја видел на слика при процесот на избор.[1] Бидејќи братот на Пуџие немал наследник, бракот на Пиџие имал големо политичко влијание, како внатрешно, така и надворешно, пред сè зближување на кинеската и јапонската нација. Свадбата се одвивала во Токио на 2 февруари 1937. Двојката се преселила во Манџурија, кога како цар бил братот на Пуџие - Пуји.
Бидејќи кинескиот и манџурскиот цар Пуји немал деца и наследник на престолот, Пуѓе почнале да го сметаат за наследник на престолот, особено од јапонските власти. Сепак, тоа не се случило. За време на распадот на Манџурија и советската инвазија во 1945 година, Пуѓе се обидел да обезбеди егзил во Јапонија со неговиот брат. Но, кога му станало јасно дека тоа нема да се случи, тој и главниот град на Манџурија потпаднале под руска власт. Пуѓе бил уапсен и испратен во рускиот затвор во Сибир заедно со неговиот брат и останатото семејство. Со основањето на кинеско-руските односи и НР Кина, Пуѓе бил екстрадиран во 1950 година во Кина.
Пуѓе починал на 28 февруари 1994 во Пекинг, НР Кина и како наследник негов се смета Ѓин Јоуџе. ==Потекло==0
Користена литература
уреди- Behr, Edward (1977). The Last Emperor. Bantam. ISBN 0553344749.
- Cotter, Edward (2007). Kids Who Rule: The Remarkable Lives of Five Child Monarchs. Annick Press. ISBN 1554510627.
- Lebra, Takie Sugiyama. (1987). Above the Clouds: Status Culture of the Modern Japanese Nobility. University of California Press. ISBN 0520076028.
- Mackerras, Colin; Amanda Yorke (1986). The Cambridge Handbook of Contemporary China. Cambridge University Press. ISBN 0521387558.
- ↑ Lebra, Above the Clouds pp.213
Надворешни врски
уреди- „Последниот брат на кинескиот цар“ Архивирано на 1 октомври 2005 г.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Пуѓе Роден(а): 16 април 1907 Починал(а): 28 февруари 1994
| ||
Претендентски титули | ||
---|---|---|
Претходник Пуји |
— ТИТУЛАРНО — Цар на Кина 17 октомври 1967 – 28 февруари 1994 Причина за непрогласување: Империјата е укината во 1912 |
Наследник Пужен |
— ТИТУЛАРНО — Цар на Манџурија 17 октомври 1967 – 28 февруари 1994 Причина за непрогласување: Империјата е укината во 1945]] |