Пупуке
Пупуке (маорски: Pupuke) — слатководно езеро сместено во вулкански кратер помеѓу населбите Такапуна и Милфорд на Северниот Брег на Окленд, Нов Зеланд. Езерото на едно место е оддалечено само 500 м од морето и има обиколка од 6 км со длабочина од 57 м[1]. Местото често го посетуваат излетници, веслачи, едрачи како и диви птици. Веднаш до старата црпна станица има и кафетерија, мал театар, надворешен амфитеатар и изложбен простор. Сè поголемата популарност на местото значи и намалување квалитетот на водата и тоа им задава грижи на локалните власти .
Пупуке Pupuke | |
---|---|
Поглед на езерото | |
Подрачје | Северен Брег, Северен Остров, Нов Зеланд |
Координати | 36°46′48″S 174°45′58″E / 36.780115° ЈГШ; 174.766184° ИГД |
Вид | кратерско езеро |
Сливни земји | Нов Зеланд |
Прос. длабочина | 60 м |
Најг. длабочина | 57 м |
Населени места | Такапуна, Милфорд |
Другите слични вакви кратери во рамките на Оклендското вулканско подрачје биле затрупани од подоцнежни ерупции, а пад други се прекршиле на места и се излиле како резултат на долги врнежи. Езерото Пупуке сѐ уште е езеро заради тоа што водата оди по каналите заедно со лавата доаѓајќи под кратерскиот ѕид, создавајки разни извори по плажите помеѓу населбите Такапуна и Милфорд.
Галерија
уреди-
Езерото на квечерина
-
Старата црпна станица
Наводи
уреди- ↑ Извештај од контролата на езерото Пупуке Бр. KC7 Архивирано на 11 ноември 2007 г. - Совет на Северниот Брег, 20 јуни 2006 (проверено на 12 јануари 2008) (англиски)