Пупинов мостмост во Белград кој ги поврзува Земун и Борча преку Дунав. Неговата изградба во најголем дел била финансирана со кредит од кинеската банка „Ексим“ и го изградила кинеската компанија „Чајна роуд енд бриџ корпорејшен[2] ("CRBC"), па заради то во почетокот бил нарекуван „Кинески“.[3] Во октомври 2014 година, градското собрание го преименувала во Пупинов мост по Михајло Пупин.[4]

Пупинов мост
Пупинов мост
Координати44°51′52″N 20°22′52″E / 44.8645° СГШ; 20.3811° ИГД / 44.8645; 20.3811
Носимоторни возила, пешаци, велосипеди
ПреминуваДунав
МестоБелград, Србија
Особености
МатеријалБетон
Вкуп. должина1507 м
Ширина29,1 м
Висина22,8 м
Најдолг распон172 м [1]
Историја
ГрадителЧајна роуд анд бриџ корпорејшен
Почнатоктомври 2011
Завршен18 декември 2014
Местоположба
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found

Местоположба

уреди
 
Местоположба на Пупиновиот мост

Мостот ги поврзува Земун и Борча и дел од „Надворешната магистрална тангента“.

Пупиновиот мост е само втор белградски мост преку Дунав, неколку километри спротиводно од Панчевскиот мост.

 
Поглед на Пупиновиот мост од кулата на Гардош

Технички одлики

уреди

Мостот е долг 1.482 метра [5], широк 29,1 метри и висок 22,8 метри, со вкупно шест коловозни ленти и пешачки и велосипедски патеки од двете страни. Мостот има еден поголем распон за поминување на бродови.[6]

Изградба

уреди

Пупиновиот мост го изградила кинеската компанија „Чајна роуд енд бриџ корпорејшен“, со услов 45% од материјалот за градба да биде од Србија.[5]

Градежните работи почнале во есента 2011 година. Кон крајот на 2011 и почетокот на 2012 година жителите од Прегревица биле преселени во соседното Бела Вода во општината Чукарица.

Во јули 2014 година биле споени двете страни на мостот, а работите продолжиле до есента на сигурносните огради, пешачките и велосипедските патеки и хидроизолацијата.[7] На 24 октомври го добил името „Пупинов мост“, а на 18 декември 2014 бил свечено отворен од премиерот на НР Кина Ли Кеќанг.[8]

Наводи

уреди
  1. „The Closure Of Main Span Of Zemun-Borca Bridge In Serbia Is Successfully Realized“. China Road & Bridge Corporation. 2014-01-24. Архивирано од изворникот на 2015-02-25.
  2. "China road and bridge corporation" – „Кинеска корпорација за патишта и мостови “
  3. „Blic“ – o „Gradnja počinje sledeće godine“, 24.10.2009.
  4. Grad Beograd – „Novi most preko Dunava dobio ime Pupinov most“, 24.10.2014.
  5. 5,0 5,1 Grad Beograd – „Potpisan predugovor za izgradnju mosta Zemun–Borča“, 23.10.2009.
  6. „Blic“ – „Most Zemun - Borča sve bliži izgradnji“ Архивирано на 21 јануари 2010 г., 18.1.2010.
  7. Dejan Aleksić. „Седам деценија млађи брат Панчевца“ [Seven decades younger brother of Pančevac]. Politika (српски).
  8. „Premier Li to open Chinese-built bridge in Belgrade“. Xianhuanet. 2014-12-19.

Надворешни врски

уреди