Пупинов калем

(Пренасочено од Пупинова намотка)

Пупинов калем или Пупинова намоткаелектрична намотка која во 1900 година ја конструирал Михајло Пупин за да го реши проблемот на губење на јакоста (интензитетот) на сигналот кај телеграфскиот и телефонскиот пренос на големи далечини. Денес за таа цел се користат засилувачи.[1]

Првичната конструкција на Пупиновиот калем.

Објаснување

уреди
 
Пупинова намотка во ПТТ музејот во Белград
 
Пупинов калем на мала антена на мобител на кровот на автомобил.

Двете жици од една телефонска линија кои одат паралелно претставуваат еден вид електричен кондензатор со извесен електричен капацитет. Тој капацитет е дотолку поголем доколку линијата е подолга и жиците се поблиски една до друга. Со оглед дека технички е неможно жиците премногу да се оддалечат една од друга, капацитетот на долга линија не може да се избегне. Тој капацитет апсорбира еден дел од веќе и онака слабата телефонска струја, па на крајот на линијата не стигнува струја со потребната јакост за да може приемникот исправно да работи. Заради оваа апсорпција, звукот на крајот на линијата е послаб отколку да нема апсорпција. Покрај слабеење доаѓа и до изобличување на звукот.

Самоиндукцијата на една линија тежи да ги спречи промените на струја во линијата, додека капацитетот напротив ја зголемува промената на струјата и го олеснува нејзиното проаѓање, толку е полесно колку што е честотата повисока. Видливо е дека делувањето на самоиндукцијата е спротивно на делувањето на капацитетот. Ако се земе индуктивитет и електричен капацитет во една телефонска линија во извесен поволен однос, делувањето на едниот може да го поништи делувањето на другиот. Во 1899 година, Михајло Пупин покажал дека самоиндукцијата на една телефонска линија може да се зголеми со вметнување на линијата на електрична намотка на одредени растојанија. Пупиновиот калем или Пупиновата намотка се состои од железен венец кој е составен од навивка од железна жица, изолирана со оксидација за да не се создаваат вртложни струи. Таквите намотки се ставаат во затворени кутии.[2]

 
Михајло Пупин во 1899 година покажал дека самоиндукцијата на една телефонска линија може да се зголеми со вметнување во линијата на електрична намотка (Пупинов калем) на одредени растојанија.

Наводи

уреди
  1. Pupin, Mihajlo, [1] "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2017.
  2. Velimir Kruz: "Tehnička fizika za tehničke škole", "Školska knjiga" Zagreb, 1969.