Ректовизикалната јама, уште наречена Проустов простор е џеб - испакнување на перитонеумот (обвивката на стомачната празнина) што се наоѓа помеѓу правото црево и мочниот меур кај мажите. Обложен е со перитонеум (обвивка на стомачната празнина, ципа). Кај жените овој простор соодвествува на Дагласовиот простор.

Ректовезикален простор
Медијан сагитален пресек на машка карлица. (Проуст просторот е означен во центарот десно)
Машките карлични органи со поглед од десно. Мочниот меур и правото црево се раширени; соодносите на перитонеумот со мочниот меур и правото црево се прикажани со сино. Стрелката покажува на ретковезикалниот простор (Проуст простор).
Податоци
Назнаки
ЛатинскиExcavatio rectovesicalis
TAA10.1.02.513M
FMAFMA:14727

Структура

уреди

Ректовизикалната јама е простор помеѓу правото црево и мочниот меур кај мажите.[1] Лежи над семените везикули.[2] Обложен е со перитонеум и во неговата основа се наоѓа ректопростатична фасција (Денонвилиерова фасција). Во исправена или лежечка позиција, тоа е најнискиот дел од неговата стомачната празнина.[3] Може да содржи делови од илеумот (долното тенко црево ) и сигмоиден колон.[2]

Кај жените, матката лежи помеѓу правото црево и мочниот меур. Затоа, жените немаат ректовезикален простор, туку имаат ректутерин простор и везикутерин простор. По хистеректомија (хируршко отстранување на матката) кај жени, преостанатиот перитонеум може да се нарече ректовезикална торбичка.[4]

Клиничко значење

уреди

Кај мажот, во исправена или лежечка позиција, ректовезикалниот простор претставува најдлабоката точка на стомачната празнина.[3] Поради ова, перитонеалната течност и другите течности кои влегуваат во перитонеалната празнина, вклучувајќи асцит, крв и гној, имаат тенденција да се собираат во оваа торбичка.

Дополнителни слики

уреди

Наводи

уреди

Оваа статија вклучува текст од страната 1152 од 20-тото издание на Грејовата анатомија (1918), кој е во јавна сопственост.

  1. Friedman, Lana M.; Tsung, James W. (May 2013). „Extending the Focussed Assessment With Sonography for Trauma Examination in Children“. 12 (1). Elsevier: 2–17 – преку ResearchGate. Наводот journal бара |journal= (help)
  2. 2,0 2,1 Jacob, S. (2008). „4 - Abdomen“. Human Anatomy (англиски). Churchill Livingstone. стр. 71–123. doi:10.1016/B978-0-443-10373-5.50007-5. ISBN 978-0-443-10373-5.
  3. 3,0 3,1 „Colon“. Imaging Anatomy: Chest, Abdomen, Pelvis (англиски) (2. изд.). Elsevier. 2017. стр. 666–707. doi:10.1016/B978-0-323-47781-9.50032-5. ISBN 978-0-323-47781-9.
  4. „Ureters and Bladder“. Imaging Anatomy: Ultrasound (англиски) (2. изд.). Elsevier. 2018. стр. 424–433. doi:10.1016/B978-0-323-54800-7.50047-7. ISBN 978-0-323-54800-7.