Даглас просторот (латински excavatio rectouterina; понекогаш изговорен и како „Дуглас“) е испакнување на перитонеумот (обвивката на стомачната празнина, ципа). Кај жените овој простор се наоѓа помеѓу правото црево и матката и се протега до задениот вагинален свод. Кај мажите, овој простор одговара на просторот кој е сместен меѓу правото црево и мочниот меур (латински: Excavatio rectovesicalis), наречен и како Проуст-простор. Ова испакнување кај мажот и кај жената го претставува најдлабокиот дел од стомачната празнина кај луѓето при стоење и седење. Воспалени процеси со формирање течност или гној, како и малигни процеси во стомакот можат да се спуштат во овој простор под влијание на гравитацијата.

Името на Даглас просторот е поврзано со првиот опишувач на овој простор, англискиот анатом, хирург и акушер Џејмс Даглас (1675-1742).[1]

Анатомија

уреди
 
Локација на просторот Даглас - означена со Excavatio recto-uterina на цртежот

Дагласовиот простор кај жените е ограничен со следните структури:

  • напред (вентрално): од задниот ѕид на матката и задниот вагинален свод
  • долу (каудално): од plica rectouterina
  • назад (дорзално): од правото црево

Кај мажите, од друга страна, соодветниот Проустов простор (excavatio rectovesicalis) е ограничен:

  • напред (вентрално): од мочниот меур
  • долу (каудално): од plica rectovesicalis
  • назад (дорзално): од правото црево

Во ветеринарната анатомија не се користи терминот Даглас простор, туку терминот excavatio rectogenitalis. За разлика од луѓето кои стојат исправено, оваа перитонеална ниша штрчи наназад (каудално). Граници се:

  • горе (дорзално): право црево
  • долу (вентрално): матка или Vas deferens, plica genitalis (ligamentum latum uteri)
  • странично (странични): внатрешен карличен ѕид
  • назад (каудално): ретроперитонеален дел од карличната празнина („карличен излез“)

Дијагностика и терапија

уреди

Даглас пункција

уреди

Даглас просторот може да се пунктира преку вагината (кулдоцентеза), исто така и преку абдоминалниот ѕид. Ова обично се прави за да се утврдат бактериите кај перитонитис (воспаление на обвивката на стомачната празнина), за цитолошка дијагностика на малигни заболувања кои се прошириле низ стомачниот простор (перитонеална карциноза) или за да се потврди интраперитонеалното крварење (крварење во стомачната празнина). На овој начин може да се изврши и испирање на апсцес во просторот Даглас.[2]

Кај мажите, единствениот директен начин за пункција на ректовезикалниот простор (Проуст простор) е преку правото црево. Сè почесто - барем надвор од рамките на гинекологијата – се прави пункција под контрола со компјутерска томографија преку стомачниот ѕид.

Дагласоскопија

уреди

Во дагласоскопијата (синоним кулдоскопија) се вметнува ендоскоп преку задниот вагинален свод (форникс) во Дагласовиот простор. Ова овозможува преглед на органите на долната карлица (на пример, јајниците, аднексите), како и земање на примерок од ткиво. Преку овој пристап е можно и испирање на јајцеводите.

Лапароскопија

уреди

Во случај на ендоскопија на стомачната празнина, доколку адхезиите (сраснувањата) не го спречат тоа, може да се направат увид и терапевтски мерки во Дагласовиот простор. Ова се прави под општа анестезија.

Болести во просторот Даглас

уреди
 
Адхезии во просторот Даглас поради ендометриоза

Ендометриоза

уреди

Перитонеумот (ципата) на Дагласовиот простор е често е зафатен во рамките на ендометриоза. Кај 28 % од пациентките со ендометриоза можат да се најдат соодветни фокуси во овој простор.[3]

Даглас апсцес

уреди

Кај воспаленија во абдоминалната празнина (перфоративен апендицитис, перитонитис од други причини) и во малата карлица (пр.  аднекситис ) гноен ексудат може да се спушти во просторот на Даглас, да се капсулира таму и на тој начин да формира Даглас апсцес. Ова мора да се отстрани со пункција (види погоре).

Дагласоцела

уреди

Дагласоцела е внатрешна хернија во просторот Даглас. Во овој случај, обично може да се опипа еластична испакнатост во задната третина од вагината. Дагласоцелата обично се јавува во случаи на спуштање на матката (descensus uteri) и можеби во случаи ректоцела.

Наводи

уреди
  1. Douglas' cul-de-sac auf Whonamedit.com
  2. Wolfgang Distler,Axel Riehn (2006). [[[:Предлошка:Google Buch]] Notfälle in Gynäkologie und Geburtshilfe] Проверете ја вредноста |url= (help). Springer Verlag. ISBN 3-540-25666-0.
  3. Adolf E. Schindler: Epidemiologie, Pathogenese und Diagnostik der Endometriose. J Fertil Reprod 17 (2007), 22-27, online (PDF-Dokument; 205 kB)