Прокопиовден — еден од поголемите христијански празници од летниот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 8 јули, односно на 21 јули по стариот календар. Народот го смета за тежок празник, односно за да не го прокопа порој полето, а жените го држат празник за да им се прокопсани децата.

Прокопиовден
Прокопиовден
Египетска икона на Прокопиј
Го празнува(ат)Христијанските и нехристијански земји
Видхристијански
Значењеден на Прокопиј Ерусалимски
Датум8/21 јули
Обичаиславење, ритуали

Житие

уреди

Светиот великомаченик Прокопиј живеел во време на царот Диоклецијан, а тоа е време на најжестоки прогони на христијаните. Пред да стане христијанин се викал Неаниј. Татко му бил христијанин, но мајка му не била христијанка, туку верувала во многу богови. И Прокопиј во младоста не бил христијанин, туку многубожец, а во службата брзо напредувал и станал александриски војвода. Но еднаш за време на бура слушнал глас од небото, а кога погледнал нагоре видел крст. Веднаш порачал да му се направи таков крст што го носел секогаш со себе. По една борба од која излегол како победник, мајка му го повикала да им принесе жртва на римските богови. А кога тој одбил тоа да го направи признавајќи дека е христијанин таа го пријавила кај царот. Царот најпрвин го убедувал да се откаже од христовата вера и да му се врати на паганството, а кога Прокопиј без размислувaње тоа го одбил бил затворен, мачен, а потоа исечен со меч, во 303 година во Кесарија.

Преданието раскажува дека заедно со Прокопиј биле мачени и дваесетина девојки затоа што станале христијанки. Прокопиј ги советувал да истраат во верата и во смртта да појдат со задоволство како да одат на свадбена свеченост. Поради тоа што ги поврзал бракот со христијанската чистина, Прокопиј се споменува во црквата при венчавањето.

Славење и обреди

уреди

Во Македонија

уреди

Споменот на Светиот великомаченик Прокопиј се празнува на 21/8 јули, овој ден народот го смета за тежок празник и тогаш не се работи. Според народната етимологија на зборот Прокопија се поврзува со прокопување па во Дебрца се верува дека ако на тој ден се работи облак ќе го прокопа полето. „На Прокопија не идевме на работа, на жетва дан ватит облак, да е прокопат нивата, никако нас татко не не пушташе“. И.Е. Спространов забележал предание за жената што работела на овој празник. „Една жена си ткаела платно и, ко је рекле: Зашчо ткајш денеска? Опитала: Ами денеска шчо је? – Прокпија“, – је рекле. – Ами ќе ми прокопат г’зоф! – рекла. Тога веднуш је протонал Прокопија“. Како што забележал Марко Цепенков „Свети Прокопија го држат во град Битола жените за да му прокопсаат децата“.

Во Бугарија

уреди

Во Бугарија овој ден се нарекува и „Св. Прокопиј Пчелар“, бидејќи се смета дека Прокопиј е заштитник на пчелите. Благословени од Бога, пчелите можат да скокаат над границата на видливиот и невидливиот свет, да го прислушуваат Ѓаволот, да го чувствуваат злото, но тие се и помошник и десна рака на доброто. Благословени се да создаваат медот - еликсир на животот, кој дава сила и долг живот. Преданието вели дека дури ни злите сили не можат да и сторат на пчелата ништо лошо, за да не исчезне нивната омилена храна. На 8 јули пчеларите стануваат рано, уште пред да изгреее сонцето, за да „сварат пчелите во кошниците“. Одат кај нив со 2 бели погачи (едната за Господ, другата за Св. Прокопиј), делат пред кошниците леб намачкан со мед и потоа го раздаваат на соседи и познаници за здравје и берекет и, се разбира, за добар мед. Кошниците се благословуваат од секого кој откинува по парче од саќето. Овој прв мед има магични својства - со него се лекуваат секакви болести. Затоа треба се чува на безбедно место и да се пази во текот на целата година: ако децата се разболат од грло, ако некој сериозно е каснат од инсекти, пчели, стршлен, пајак и сл. Со овој мед се мачкаат и питите во чест на Баба Шарка, а исто така и челата на децата, момите и невестите, за да не фаќаат уроци.[1]

Во Србија

уреди

Во некои српски области се смета дека овој ден е погоден за свадби, затоа што Св. Прокопиј ги посетувал и благословувал младенците. Народот избегнува копање по нивите, дури и погреб, па дури и не избегнувало капење на овој ден. Во постаро време, овој ден бил заштитник на рударите. Се смета за заштитник на децата. Го славеле каменоресците и бунарџиите. Низ разни српски краеви постојат различни обичаи и верувања во врска со празникот и се придава големо значење на него. Постојат семејства, иако ретки, кои го слават Прокопиј како светец-заштитник.[2]

Наводи

уреди
  1. ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР – ДНЕС ПОЧИТАМЕ СВЕТИ МЪЧЕНИК ПРОКОПИЙ. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-07-21.
  2. Danas je Sveti Prokopije

Надворешни врски

уреди