Прирачник за Анти Антиалкохоличари

Прирачник за Анти Антиалкохоличари е втората книга напишана од македонскиот глумец, музичар и писател, Игор Џамбазов. Во книгата е прикажана автобиографијата на Џамбазов и неговите проблеми со алкохолот. Првиот човек кој ја прочитал книгата е македонската пејачка, Калиопи.

Прирачник за Анти Антиалкохоличари
Прирачник за Анти Антиалкохоличари
АвторИгор Џамбазов
ЗемјаМакедонија
ЈазикМакедонски јазик
ЖанрАвтобиографија
ИздавачФОН Универзитет
Страници385
ПретходнаГол Човек 

Издадена е во април 2011 година, за време на саемот на книгата во Скопје преку ФОН Универзитетот. Печатачот е Печатницата Мисирков. Книгата започнува од последната страница, а завршува на првата.

Пишување, издавање и промоција

уреди

Прирачник за Анти Антиалкохоличари е втората книга напишана на македонски јазик од Игор Џамбазов, по неговата прва книга Гол Човек.[1][2][3][4][5] Периодот на пишувањето започнал во 2009, а завршил во 2011.[се бара извор] Промоцијата и издавањето на книгата траеле кон крајот на април, за време на саемот на книгата во Скопје. Испечатена е од Печатницата Мисирков, а издадена е преку првиот приватен универзитет во Македонија - ФОН.[6]

 
Калиопи (прикажана на сликата) била првата личност која ја прочитала Прирачник за Анти Антиалкохоличари.

Содржина

уреди

Книгата ја прикажува автобиографијата на Игор Џамбазов и неговата зависност од алкохолот. Прирачник за Анти Антиалкохоличари започнува со реченицата: „Сè што сте сакале да знаете за алкохолот, ама не сте имале време од пиење“.[6] Содржината во книгата е прикажана на нецензуиран начин, со вулгарни зборови.[се бара извор] На крајот на книгата се наоѓа „азбука на алкохолот“.[6]

Во интервју за А1 телевизија, Игор Џамбазов за книгата изјавил: „Сите пијаници не се боеми и сите боеми не се пијаници“. Содржината на книгата е „сурова, потресна, поучна, со искуства од најпознатите македонски боеми“. Џамбазов изјавил дека „алкохолот дава само две шанси“.[7]

Жанр

уреди

Карактеристично е што за време на интервју за A1 Ексклузив, Игор Џамбазов изјавил дека неговото дело тешко се определувало за одреден жанр и покрај тоа што во него е прикажана неговата автобиографија.[8] Во поговорот на книгата, Венко Андоновски напишал дека книгата не е „ни романтизам, ни модернизам, ни постмодернизам, не е дури ни реализам, иаку е најблиску до него. [Велам] не е ни реализам затоа што оваа книга е чист живот, а животот не е реализам, затоа што никој досега не докажал дека животот не е сон.“ Тој подоцна додал дека некои од сцените се толку сомнабулни што личат на хипер-реализам.[9]

Критички прием

уреди

Венко Андоновски, македонски писател, поет и критичар во поговорот на книгата напишал дека кога човек ќе се прошета низ страниците на потресната книга ќе чувствува дека сонува туѓ сон со познати елементи.[9] Пејачката, Калиопи изјавила дека книгата „осцилира со чувства и емоции.“[10]

Наводи

уреди
  1. Давкова, Симона. „Гол човек - Игор Џамбазов“. sakamknigi.mk. Посетено на 3 јули 2011.
  2. „Македонска Музичка Мрежа“. 25 март 2011. Посетено на 3 јули 2011.[мртва врска]
  3. „Игор Џамбазов со нова книга“. kantar.com. 25 март 2011. Посетено на 3 јули 2011.[мртва врска]
  4. „Прирачник за анти антиалкохоличари - Игор Џамбазов“. Sakamknigi.com.mk. Посетено на 4 јули 2011. На |first= му недостасува |last= (help)
  5. „Игор Џамбазов со нова книга“. lom.com.mk. Македонија. 28 март 2011. Посетено на 4 јули 2011.[мртва врска]
  6. 6,0 6,1 6,2 Џамбазов, Игор (2011). Прирачник за анти антиалкохоличари. Универзитет Фон. ISBN 978-908-4506-27-0 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  7. Коцевска, Јана (25 март 2011). „Прирачник за анти антиалкохоличари на Игор Џамбазов“. A1. Посетено на 3 јули 2011.
  8. Џамбазов, Игор (25 март 2011). „Игор Џамбазов - интервју“. A1 Ексклузив. Отсутно или празно |url= (help)
  9. 9,0 9,1 Џамбазов, Игор (2011). Прирачник за анти антиалкохоличари (Поговор - Елегантна бруталност). Универзитет Фон. ISBN 978-908-4506-27-0 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  10. „Улога“. outTake.com. Посетено на 3 јули 2011.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди