Применета психологија

Применета психологија - употреба на психолошки методи и наоди од научната психологија за решавање на практични проблеми на однесување и искуство на луѓето животните. Менталното здравје, организациската психологија, бизнис менаџментот, образованието, здравството, дизајнот на производи, економијата, правото и законодавството се само неколку од областите под влијание на применета на психолошките принципи и наоди. Некои од областите на применетата психологија вклучуваат клиничка психологија, психологија за советување, еволутивна психологија, индустриска и организациска психологија, правна психологија, невропсихологија, психологија на професионално здравје, човечки фактори, форензичка психологија, инженерска психологија, училишна психологија, спортска психологија, сообраќајна психологија, психологија на заедниците, медицинска психологија. Покрсј тоа, голем број на специјализирани области во општото поле на психологијата имаат применети гранки (на пример, применета социјална психологија, применета когнитивна психологија). Сепак, линиите помеѓу специјализациите на подвидовите на психологијата и главните категории на применета психологија често се нејасни. На пример, психолог од човечки фактори може да користи теорија на когнитивна психологија. Ова може да се опише како психологија на човечкиот фактор или како применета когнитивна психологија.

digital advertisements shown on a curved billboard at night
Рекламни паноа во Лондон на Пикадили кои претставуваат применета психологија

Надворешни врски

уреди