Отвори го главното мени

Форензичка психологија — пресек помеѓу психологијата и правниот систем. Тоа подразбира разбирање на фундаменталните правни принципи, осебено во однос на сведочењето на стручните сведоци и конкретната област за засегатни содржини (пр., компетентноста да се одржи судење, старателство над деца и посетување или дискриминација на работното мест), како и релевантни надлежности (пр. во Соединетите Американски Држави, дефиницијата за лудило во кривичните судења се разликува од држава во држава), со цел да можат соодветно да се комуницираат со судиите, адвокатите и другите правни професионалци. Важен аспект на форензичката психологија е способноста да сведочи на суд како вештак, да изврши преформулирање на психолошките наоди во правниот јазик во судницата, обезбедувајќи информации за правниот персонал на начин што може да се разбере.[1] Понатаму, за да биде веродостоен сведок, форензичкиот психолог мора да ја разбере филозофијата, правилата и стандардите на судскиот систем. Првенствено, тие мора да го разберат контрадикторниот систем. Исто така, постјат правила за доказ за слушање и што е најважно, право за исклучување. недостаток на цврсто разбирање на овие постапки ќе резултира со тоа што форензичкиот психолог ќе го загуби кредибилитетот во судницата. Форензички психолог може да се обучи во клиничка, социјална, организациска или која било друга гранка во психологијата.

НаводиУреди

  1. Nietzel, Michael (1986). Psychological Consultation in the Courtroom. New York: New York: Pergamon Press. ISBN 0-08-030955-0.