Приказната за витезот

Приказната за витезот (англиски: A Knight's Tale) — американски средновековен филм од 2001 г. Филмот е напишан и режиран од Брајан Хелгеланд. Насловот на филмот е позајмен од една од „Кантербериските приказни“ на Џефри Чосер, кој е еден од ликовите во филмот.

„Приказната за витезот“
Плакатот на филмот
РежисерБрајан Хелгеланд
Продуцент
СценаристБрајан Хелгеланд
Главни улоги
МузикаКартер Бервел
КинематографијаРичард Грејтрекс
ДистрибутерSony Pictures Releasing
Премиера11 мај 2001 г.
Времетраење132 минути[1]
Земја САД
Јазик
Буџет65 милиони долари
Бруто заработка117,5 милиони долари

Особеноста на филмот е свесната употреба на многу анахронизми — современи танци, спортски скандирања, забава (воведување на учесници) во стилот на современи спортски натпревари, повикување на современи марки (марката на оклопот е направена како логото на фирмата Nike). Звучниот запис на филмот содржи рок-хитови — „We Will Rock You“ и „We Are the Champions“ од Queen, „Golden Years“ од Дејвид Боуви, „The Boys Are Back in Town“ од Thin Lizzy, „You Shook Me All Night Long“ од групата AC/DC и многу други.[2]

Содржина

уреди

По смртта на својот господар, селски оруженосец, поттикнат од глад и жед за слава, добива нова самоличност како витез.

Улоги

уреди
Глумец Улога
Хит Леџер сер Вилијам Тачер / сер Улрих фон Лихтенштајн од Гедерланд
Шенин Сосамон леди Џоселин
Марк Ади Роланд
Пол Бетани Џефри Чосер
Алан Тјудик Ват
Руфус Суел гроф Адемар од Анжу
Лора Фрејзер Кејт, ковачката
Џејмс Пјурфој сер Томас Колвил / Едвард, Црниот Принц од Велс

Наводи

уреди
  1. „A Knight's Tale (PG)“. British Board of Film Classification. April 27, 2001. Посетено на January 2, 2012.
  2. A Knight's Tale (2001)“. soundtrack. IMDb. tt0183790.

Надворешни врски

уреди