Преторијанска префектура Илирик

Префектурата Илирик била една од четири големи префектури во Римското Царство. Административен центар на префектурата бил градот Сирмиум (денешна Сремска Митровица во Србија).

Карта на Преторијанска Префектура Илирик, 318-379

Историја

уреди

Префектурата е формирана во 318 година. Во почетокот била поделена на две диецези: Панонска и Мезиска диецеза. Подоцна Мезиската диецеза била поделена на Дакиска и Македонска диецеза.

Префектурата ги опфаќала покраините Панонија, Норик, Крит, како и сите покраини на Балканскиот Полуостров, освен Тракија. 379 година префектурата била поделена на Западен и Источен Илирик. Западен Илирик е трансформиран во диецеза под јурисдикција на управникот на италјанската префектура, додека Источен Илирик станал дел на Византиското Царство во 395 година.

Поврзано

уреди

Предлошка:Покраини во Римското Царство, 120 година Предлошка:Покраини во Римското Царство (4-7 век)