Преподобен Јустин Ќелиски

Преподобен авва Јустин Ќелиски роден како Благоја Поповиќ (Врање, 25 март/6 април 1894 манастир Ќелија, 25 март/7 април 1979) е новоканонизиран православен светец од страна на СПЦ со македонско потекло. Бил архимандрит на манастирот Ќелија, доктор по теологија, професор на Белградскиот универзитет и духовник.[1]

Свети Јустин Ќелиски
Портрет
Светец
Роден(а) 6 април 1894, Врање, Србија
Починал(а) 7 април 1979, Врање, Србија
Почитуван(а) во православие
Канонизација 2 мај 2010 од СПЦ
Слава 14 јуни
Обележја Архимандрит
Гробот на Св. Јустин во манастирот Ќелии

Житие

уреди

Отец Јустин е роден е на денот на Благовештението на Пресвета Богородица ( 25 март, по стариот календар ) 1894 година во Врање, од побожни православни родители Спиридон и Анастасија, кои потекнувале од Тетовско, од каде еден предок на о. Јустин пребегал во Врањско, носејќи ги во кошници своите деца. Световното име Благоја го добил по празникот на кој се родил. Татко му на Спиридон, познатиот поп Алекса, бил најмалку седми по ред свештеникод старата фамилија Попови. И Спиридон учел богословија ( два класа ), меѓутоа, татко му го повлекол од училиштето па тој подоцна прислужувал при храмот и при домашните богослужења, со тоа го одржувал духот на црковноста и побожноста во домаќинството во кое растел малиот Благоја. Мајка му Анастасија била од една угледна домаќинска фамилија од околината на Врање. Изродила осум деца, но преживеале само три: ќерката Стојна и синовите Стојадин и Благоја.

Цитати

уреди

Секоја мисла треба да биде испитана со молитва – и да е родена од молитва; чувството, мислата која не се моли, не е од Бога, не е од Божјиот дом, не е од Црквата. Смирената филозофија, молитвената филозофија е единствениот метод за постигнување на Христософија. Знамение на православието.

— 20 јануари 1921

Кога магнетот на благодатта силно ќе ја повлече душата во горните светови, тогаш човекот се претвора во молитвена стрела која секавично ги преоѓа пространствата и просторите. Громот на благодатта удира во срцето за многу подвизи и трудови.

Господи, колку е грандиозна тајната на Твоите светови! Јас овде ги шепотам своите молитвички, а тие одекнуваат до бескрајниот крај на Твоите светови, и се разлеваат по сета твар – и тоа со логосноста на секоја малечка твар, бидејќи Ти си во сѐ и преку сѐ; и сето мое преку Твоето се вткајува во Твоите светови, сето мое – освен моите гревови и моите зла, кои со својата тежина се ничкосуваат во пеколот.

— Тодорова сабота, 1958, манастир Ќелии

Наводи

уреди
  1. Часопис Двери Српске, Спасовдан 2004. године, двоброј 3, Издавач: Двери Српске ISBN 1451-6993 страница: 91

Надворешни врски

уреди