Преод (археолошко наоѓалиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Преод

Карта

Местоположба 41°54′36″N 21°51′09″E / 41.91000° СГШ; 21.85250° ИГД / 41.91000; 21.85250
Основни податоци
Место Преод
Општина Свети Николе
Тип

 осамен наод


Период римско време
Портал „Археологија“

Преодархеолошко наоѓалиште во светиниколското село Преод. Претставува осамени наоди од римското време.

Н. Вулиќ регистрирал три споменици што се наоѓале пред и околу селската црква, и тоа: стебло од столб од варовник, високо 1,70 м, со грчки натпис; горен дел од надгробна плоча од бел мермер на кој има три бисти претставени во длабок релјеф; оштетена надгробна плоча од бел мермер, со две релјефно претставени полумесечини на левиот раб.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 357, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069