Пред изгрејсонце
Пред изгрејсонце – американски филм, во режија на Ричард Линклејтер. Главните улоги ги толкуваат Итан Хоук и Џули Делпи.[1]
Содржина
уредиДодека патува со воз низ Европа, Американецот Џеси ја запознава младата Французинка Селин. Двајцата одлучуваат да слезат од возот во Виена и да поминат еден ден заедно. Тие шетаат низ градот и разговараат за различни теми, како: љубовта, емоциите, уметноста и реинкарнацијата.[1]