Предлошка:Portal:Slovenia/Featured article

Љубљана (словенечки: Ljubljana, германски: Laibach) е главен град на Словенија сместен на местото каде реката Љубљаница се влева во Сава, во Средна Словенија, меѓу Алпите и Средоземното Море. Претставува град со средна големина (според пописот од 2003 година има 265.881 жители). Љубљана е географски, културен, научен, економски, политички и административен центар на Словенија. Во Љубљана може да се доживеат влијанија на голем број култури. Таа била раскрсница на германската, романската и на културата на словенските народи, нивниот јазик, манири и навики.

Сообраќајните врски, сконцентрираната на индустрија, научно-истражувачките институции и индустриската традиција се фактори кои придонесуваат за нејзината водечка економска позиција во регионот. Љубљана е седиште на централната власт во Словенија, на јавната администрација и сите владини министерства. Градот, исто така, претставува седиште на законодавната власт на Словенија. Во Љубљана се наоѓа и резиденцијата на претседателот на Словенија. (Дознајте повеќе...)