Преах Ко ( кмерски „Светиот бик “) е најстариот кмерски храм во областа Роулос (другите два се Баконг и Лолеи ) од 9 век во Ангкор, Камбоџа. Изграден е од кралот Индраварман I и бил посветен на Шива и на кралското семејство на Кмерската империја во 879 година. Тоа бил првиот од кралските храмови на престолнината Харихаралаја, пред таа да биде пренесена 15 километри јужно во новооснованиот Јасодхарапура (денес Ангкор). Храмот бил именуван по скулптурата од песочник што го претставува Нанди, една од инкарнациите на Шива во форма на бик.[1]

Преах Ко се состои од шест кули од тули кои се поставени во два реда од три кули, секоја на заедничка платформа од песочник. Сите се свртени кон исток, а централниот преден е највисокиот и бил посветен на кралот Јајаварман II, основачот на Кмерската империја и чичко на Индраварман. Лево е кулата на Притивиндрешвара, посветена на таткото на кралот, додека десно е кулата посветена на Рудрешвара, неговиот дедо. Трите задни кули се посветени на нивните сопруги. На централната има барелефи со фигури на Шива.

Германската влада ја финансирала реставрацијата на кулите Преах Ко во 1990-тите, а од 1992 година како дел од Ангкор, храмот е на списокот на светско наследство на УНЕСКО .

Наводи

уреди
  1. „Preah Ko, Cambodia“. www.art-and-archaeology.com. Посетено на 2024-12-27.

Литература

уреди