Прва македонска коњичка бригада
Прва македонска коњичка бригада била формирана на 29 декември 1944 година во Скопје, од постоечките коњички единици во Македонија, со наредба на ГШ на НОВЈ за Македонија. Командант бил Владо Петковски, а од 26 јануари 1945 година, Димо Пецов - Ико. Политички комесар од формирањето бил Михајло Софејски - Јошко, а од 26 јануари 1945 година И. Сотировски.[1]
Прва македонска коњичка бригада | |
---|---|
Активна | 29 декември 1944 – 1945 |
Големина | 480 борци |
Команданти | |
Истакнати команданти | Владо Петковски, Димо Пецов |
Бројната состојба на бригадата изнесувала 540 борци и старешини. Бригадата располагала со 199 коњи. На 26 јануари 1945 година, имало промена на командниот кадар и нова реорганизација на бригадата.[2]
Основање
уредиЗа почеток на формирањето на оваа бригада се смета формирањето на Првиот македонски коњички ескадрон, на 15 септември 1944 година, во селото Сопот, Светикниколско, кој по ослободувањето на Прилеп, влегол во состав на новоформираниот Прв македонски коњанички дивизион, со бројност од 120 борци.
Наводи
уреди