Прашки лингвистички кружок
Прашката школа или Прашкиот лингвистички кружок бил јазичен и литературен округ. Бил основан во 1926 година од група лингвисти, филозофи и литературни критичари во Прага. Неговите поборници развиле методи на структуралистичка книжевна анализа и теорија за стандардниот јазик од 1928 до 1939 година. Лингвистичкиот кружок бил основан во Кафе Дерби во Прага, каде што се одржувале и состаноците на кружокот во првите години.
Прашката школа имала значајно и континуирано влијание врз лингвистиката и семиотиката. По чехословачкиот државен удар во 1948 година, кружокот бил распуштен во 1952 година, но Прашката школа продолжила да работи како главна сила во лингвистичкиот функционализам (различно од копенхашката школа или англиската фиртска – подоцна халидеска – лингвистика). Американскиот научник Дел Хајмс го објавил својот труд во 1962 година, „Етнографија на зборувањето“, како формален вовед на прашкиот функционализам во американската лингвистичка антропологија.[1] Прашките структуралисти, исто така, имале значајно влијание врз структуралистичката филмска теорија, особено преку воведувањето на остензивниот знак.
Прашкиот лингвистички кружок денес е научно здружение кое има за цел да придонесе во познавањето на јазикот и сродните знаковни системи според функционалните структурни принципи. За таа цел, здружението организира редовни состаноци со предавања и дебати, објавува стручни публикации и организира меѓународни состаноци.
Историја
уредиПрашкиот лингвистички кружок се состоел од руските емигранти Роман Јакобсон, Николај Трубецкој и Сергеј Карчевски, како и познатите чешки книжевни научници Рене Велек и Јан Мукаровски. Основач и претседател на кружокот се до неговата смрт во 1945 година, бил чешкиот лингвист Вилем Матезиус.[2]
Во 1929 година Прашкиот лингвистички кружок ги објавил своите тези во труд кој бил доставен до Првиот конгрес на славистите. Кон крајот на 20 век, биле објавени англиски преводи на основните дела на кружокот, од страна на чешкиот лингвист Јозеф Вачек во неколку збирки.
Исто така, во 1929 година, групата објавила списание, Travaux du Cercle Linguistique de Prague. Но Втората светска војна ставила крај на издавањето на списанието. Списанието накратко повторно било издавано од 1966 до1971 година. Првото издание на списанието било. посветено на политичкиот концепт за центар и периферијаСписанието повторно почнало да се издава во 1995 година. Делата на групата, на чешки јазик биле објавени во списанието Slovo a slovesnost (Збор и литература).
Членови
уреди- Петр Богатурев
- Франтишек Чермак
- Мирослав Червенка
- Бохуслав Хавранек
- Томас Хосковец
- Јосеф Харбак
- Роман Јакобсон
- Сергеј Картсевски
- Олдрих Лешка
- Алена Мацурова
- Вилем Матезиус
- Јан Мукаровски
- Карел Олива
- Владимир Скаличка
- Бохумил Трнка
- Павел Трост
- Николај Трубецкој
- Јозеф Вачек
- Јири Велтруски
- Милош Веингарт
- Рене Велек
- Лудвиг Виндер
Видете исто така
уреди- Чешки студии
- Функционален генеративен опис
- Обележување
- Московски јазичен кружок
- ОПОЈАЗ
- Руски формализам
- Тема и коментар
- ↑ Hymes, Dell (1982). „Prague Functionalism“. American Anthropologist. 84 (2): 398–399. doi:10.1525/aa.1982.84.2.02a00130.
- ↑ The Editors of Encyclopaedia Britannica. „Vilém Mathesius“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 9 January 2019.
Библиографија
уреди- Луелсдорф, Филип А. (1983). За прашкиот функционализам и некои екстензии. Јозеф Вачек, Либуше Душкова, (уред.). Прагвајана: Некои основни и помалку познати аспекти за Прашката лингвистичка школа . Џон Бенџаминс. Лингвистички и книжевни студии во Источна Европа; 12. стр xi-xxx.
- Sériot, Patrick (2014). Структура и целина: Источна, Западна и Недарвинска биологија во Потеклото на структурната лингвистика . (Семиотика, комуникација и сознание 12.) Берлин: Де Грутер Мутон.
- Томан, Јиндрич (1995). Магијата на заедничкиот јазик: Јакобсон, Матезиус, Трубецкој и Прашкиот лингвистички кружок. Кембриџ, Масачусетс: МИТ Прес.ISBN 0-262-20096-1
Надворешни врски
уреди- (на чешки) Current homepage
- The Prague Linguistic Circle homepage at the Library of Congress Web Archives (archived 2013-01-02) (includes a list of publications about the Circle)
- (на француски) Dynamique du système linguistique - numéro thématique de l'Echo des études romanes consacré à la théorie de potentialité (Vilém Mathesius)
- (на француски) Centre-périphérie dans le système linguistique - numéro thématique de l'Echo des études romanes consacré à l'optique centro-périphérique, une théorie élaborée au sein du Cercle linguistique de Prague
- Perspective fonctionnelle de la phrase - l'apport du Cercle de Prague - numéro thématique de l'Echo des études romanes