Московски лингвистички круг
Московскиот лингвистички круг (руски: Московский лингвистический кружок) бил група на важни мислители во семиотиката, книжевната теорија и лингвистиката активни во Москва од 1915 до 1924 година. Членови на Московскиот лингвистички круг биле Роман Јакобсон, Григориј Винокур, и Петар Богатирев. Групата била сродна на санкт-петерзбуршката јазична група ОПОЈАЗ; овие две групи (подоцна заедно со прашкиот лингвистички круг) биле одговорни за развојот на формалистичката книжевна семиотиката и лингвистика.