Панчаревска Река
(Пренасочено од Прави Андак)
Панчаревска Река (позната и како Селска Река и Прави Андак) — река во Македонија, извира на планината Влаина.[1]
Панчаревска Река Селска Река Прави Андак | |
---|---|
Местоположба | |
Држава | Македонија |
Општина | Пехчево |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Влаина |
• надм. вис. | 1.423 м |
Устие | |
• место | Брегалница |
Особености на сливот | |
Течение | Брегалница → Вардар → Егејско Море |
Притоки | |
• леви | Десни Дол |
• десни | Дренов Дол, Лесков Дол, Кушев Дол и Долга Чешма |
Извор
уредиИзворите на реката се наоѓаат под врвот Туторвица на 1.423 метри надморска височина. Од изворот до селото Панчарево, реката е позната и под имињата Селска Река и Прави Андак. Од селото Панчарево до вливот во реката Брегалница се нарекува Панчаревска Река.[1]
Притоки
уредиКон Панчаревска Река се влеваат следниве потоци:[1]
- Десни притоки: Дренов Дол, Лесков Дол, Кушев Дол и долот викан Долга Чешма
- Леви притоки: Десни Дол
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 53–54. ISBN 978-9989-2117-6-8.