После смрта на Спитамен и бракот со Роксана (Рошанак на Бактриски), Александар ги зацврстува своите нови позиции во Средна Азија. Во 326 г.п.н.е. Александар конечно е подготвен да се посвети на освојувањето на Индија. Александар ги повикува сите водачи на племињата од Гандара, територија на север од денешен Пакистан, да му се покорат и да тргнат со него. Амби, владетелот на Таџила, чие кралство се простирало од Индус до Џелам, така и направил. Но водачите на некои кланови, како на пример Асапсиос и Асакеноис, познати во Индиските текстови како Ашвајани и Ашвакајани (имињата асоцираат на природата на нивните заедници, во Санскритскиот јазик Ашва значи коњ), одбиле да се покорат.

Воен поход и движење на Александар во неговиот поход на Индија.

Александар лично ја преземал командата над штитоносците, пешадијата, стрелците, Агријанците и коњаниците, и со нив тргнал во напад на кланот Аспасиос во долините Алишанг и Гуреа, како и на кланот Асакеноис во долините Сват и Бунер. Според современите историчари, било доста тешко за Александар да ги покори овие племиња, меѓу кои племињата Масага и Аорну пружиле силен отпор. Посебно драматични биле борбите со Аспасиос кланот, во кои Александар бил ранет во рамото со копје, но сепак кланот ја загубил битката. 40,000 воини биле заробени.

Асакеноисите му се спротивставиле на Александар со армија од 30,000 борбени кочии, 38,000 пешадија и 30 слонови. Тие се бореле храбро и пружиле силен отпор во многу утврдени места како што биле градовите Ора, Базира и Масага. За да се скрши жестокиот отпор кај утврдувањето Масага биле потребни неколку дена жестока и крвава битка во која Александар бил сериозно ранет во потколеницата. Кога поглаварот на Масага загинал во битката, команда над неговата војска ја преземала неговата мајка Клеофис, која исто така била цврсто решена да ја брани својата татковина до последниот здив. Примерот со Клеофис кажува дека во битката исто така била вклучена и женската популација на утврдувањето. Александар за да ја совлада Масага морал постојано да врши дотур на свежа војска со цел да го одржи моралот на својата војска. Според Куртис, Александар не само што Александар ја уништил војската и останатите жители на Масага тој исто така го разрушил до темел, го пеплосал градот. На сличен начин својот бес подоцна Александар го искажал и на Ора, следното упориште на Асакеносите.

При крајот на битките кои ги водел Александар во Масага и Ора, голем број на Акакеносите се префрлиле во утврдувањето високо во планините наречено Аорнос. Александар постојано бил зад петици на овие трупи. Само после четири дневна крвава битка Александар го заземал и ова утврдување кое се сметало за неосвоиво. Пустошења како во Масага се повториле и во Аорнос.

Пишувајќи за битките на Александар против Асакеносите, Виктор Хансон вели: Иако им ветил на опколените Асакеноси дека ќе им ги поштеди животите ако се предадат, тој ги погубил сите војници кои биле заробени. Нивните упоришта во Ора и Аорнус исто така биле разрушени.

Сисикотос, кој му помогнал на Александар во овие битки, подоцна бил назначен за владетел на Аорнус.

Откако го совладал Аорнус, Александар ја преминал реката Инд и влетал во епската битка против Пор, владател на територијата Пенџаб во Битката кај Хидасп во 326 г.п.н.е.

Слика на Чарлс Ле Бурн на која се претставени Александар и Пор за време на Битката кај Хидасп.

После победата, Александар бил импресиониран од храброста на Пор во битката, па затоа влегол во сојуз со него назначувајќи го за управител на неговото кралство, дури и придодавајќи му во владение и територии кои претходно Пор не ги владеел. Потоа Александар изградил два нови града, од кој едниот го именувал Букефал, во чест на неговиот коњ кој го донел него до Индија а загинал во Битката кај Хидасп. Александар продолжил со освојувања на сите утврдувања покрај реката Инд.

Источно од кралството на Пор, близу до реката Ганг, се наоѓало моќното царство на Магада под владение на династијата Нанда. Стравувајќи од судир со уште една моќна Индиска војска, изморена од повеќегодишните воени походи, војската на Александар запира кај реката Биас одбивајчи да маршира понатаму кон исток. Така оваа река ја означува и границата до каде војската на Александар продрела на исток.

После битката со Пор, моралот на војската на Александар опаднал за понатамошни походи. А покрај се, тие требало да се соочат со далеку помоќен непријател. Војската на Александар имала на располагање околу 20 илјадна пешадија и околу две илјади коњаници. Војската отворено се спротивставиле на инсистирањето на Александар да ја преминат и реката Ганг, која била широка, како што тие слушнале, 6.5 километри (32 фурлонга), со длабочина од 183 метри (100 фата). А пак од другата страна на реката ги чекала силна армија од добро вооружени и воинствени пешадијци, коњаници и слонови. Некои дури извори велат дека кралевите на Гандерит и Праеши ги чекале со армија од 8 илјади коњаници, двесте илјади пешадија, 8 илјади борбени кочии, и 6 илјади борбени слонови. - Плутарх, Вита Александри, 62[1]

Александар, после состанокот со неговиот офицер Коенус, бил убеден дека е подобро да се откажат од понатамошни походи и да се вратат назад. Александар бил приморан да сврти на југ. На патот кон југ војската се судрила со кланот Мали, (во денешно време Мултан). Кланот Мали бил еден од највоинствените кланови во Индија во тој период. Но војската на Александар после жестоките битки го покорува кланот Мали. Во едне од налетите на утврдувањета Александар бил сериозно ранет од стрела.[2] Неговата војска, мислејќие дека нивниот крал е мртов, ја заземаат тврдината и го искалуваат нивниот бес на заробениците.[3]. После ова, Мали бил окупиран од војската на Александар, а главницата продолжила со движење [4]. Поголемиот дел од својата армија Александар ја насочува кон Карманиа (во денешно време јужниот дел на Иран) на чело со генералот Кратер, а еден дел гради флота за да го истражи Персискиот Залив под воство на адмиралот Неарх, додека со останатиот дел од војската се враќа назад во Персија по јужната рута низ пустината Гедрозија (во денешно време дел од јужен Иран и Макран во јужен Пакистан).

Александар дел од своите сили оставил во Индија. На територијата на Индус, тој го номинирал неговиот офицер Пејтон како сатрап, позиција која тој ја задржал следните десет години сè до 316 г.п.н.е., а во Пенџаб тој го оставил генералот Еудемус како командат на војската под владение на Пор и Таџили. Еудемус станува господар на Пенџаб после смртта на овие двајца. И двајцата валдетели (Пејтон и Еудемус) се враќаат на запад во 316 г.п.н.е. со нивната војска, а на нивно место [[]Чандрагупта Мауриа] го формира Царството Мауриа в Индија.

Наводи

уреди
  1. Plutarch, Vita Alexandri, 62
  2. Plutarch, Alexander 63.5.
  3. [1]
  4. Alexander the Great Alexander of Macedon Biography,History of Macedonia