Портал:Тибет/Избрана биографија

Нгаванг Лобзанг Ѓацо или Лозанг Ѓацо (1617-1682) — петтиот далај-лама. Бил првиот со а е наречен и Величествениот петти далај-лама.

Лозанг Ѓацо е роден во познатото семејство Захор чиешто седиште во XIV век била тврдината Тагце којашто била упоричте на тибетските кралеви.Неговиот татко Дудул Рабтен бил уапсен во 1618 бидејќи за него сметале дека е вмешан во планот против кралот од Цанг, речиси во исто втреме кога учењето Гелуг го избрало неговиот син за реинкарнација на Јонтен Ѓацо. Дудул Рабтен избегал со цел да стигне до источен Тибет, меѓутоа бил фатен и никогаш не се видел со својот син до неговата смрт во 1626 година во Самдрупце,тврдината на кралот од Цанг во Сигатсе.На семејството на Лозанг Ѓацо им било наредено да живеат во тврдината Самдрупце, но неговата мајка се плашела од кралот и се вратила заедно со својот син во семејниот дом во тврдината Наркатсе во Јардонг.

Прочитајте повеќе