Портал:Религија/Избрана статија/2011/јуни

Будистичка уметностуметност која потекнува од Индија, следејќи го историскиот живот на Сидарта Гаутама во 6-5 век п.н.е., и се развивала во контакт со другите култури ширејќи се низ Азија и светот.

Се развивала на север кон Средна Азија и во Источна Азија, создавајќи ја северната гранка на будистичката уметност и источно сè до Југоисточна Азија, создавајќи ја јужната гранка на будистичката уметност. Во Индија, будистичката уметност цветала и влијаела врз развојот на Хиндуистичката уметност, сè дури будизмот речиси не исчезнал во Индија околу 10. век, делумно поради силната експанзија на исламот, како и на хиндуизмот. Прочитајте повеќе